Најлудиот пресврт направен против Старата Дама за 15 минути

Винченцо Монтела вечерва со Милан го пречекува италијанскиот шампион, а доколку се врати три години назад во октомври 2013-та ќе се потсети на нешто спектакуларно. На полувреме Фиорентина губеше 0:2 од Јуве, но во вториот дел Артемио Франки се тресеше четири пати во рок од 15 минути. Хет-трик на Џузепе Роси, за победа на Фиорентина против Јувентус на домашен терен по пауза од 15 години.

На четвртиот гол на Виолетовите Квадрадо ја влечеше контрата во петта брзина, а Монтела потоа направи фаца како да не му беше јасно што успеаа да му направат на актуелниот првак на Италија.

П.С:

22 октомври 2016 - 19:18