Таг: ффм

Во ФФМ имаат свој предлог за името на Македонија

Во рамки на квалификациите за Европско првенство У-19, фудбалската репрезентација на Македонија гостуваше кај Луксембург У-19. Победивме 0-3, ама победија и луѓето од ФФМ кои го вршеа преносот на мечот. Според нив N. Macedonija играла против ЛуксеНбург.

Косово може да оди на Европско, а некои земји домаќини не го признаваат како држава

Покрај Финска која пријатно ја изненади европската фудбалска јавност, ништо помалку труд не вложија ниту фудбалерите на Косово, една од последните членки на ФИФА и УЕФА која не е признаена од неколку земји домаќини на Евро 2020.

ФФМ е држава во држава?

Секој што следи фудбал малку повеќе веројатно нема да падне во несвест кога ќе прочита како уствари функционира најбогатата спортска федерација во земјава. Ја водеа Ѕинго, Љубен, Хари, Илчо, а сега за прв човек се мести Муамед Сејдини кој е в.д. Сите се срцки и работеа за доброто на фудбалот.

Каде и како играат македонските фудбалери по странство

Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....

И после немало ќар од победи против аутсајдери

Море не да имало. По освојувањето на првата позиција во групата 4, доста фино се опари и ФФМ, ама и репрезентативците кои ќе поделат по неколку илјади евра од самото ФФМ.

Илчо Ѓорѓиоски со писмо си замина од ФФМ

По шест години работење, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија си поднесе оставка од претседателската фотеља на најмоќната спортска федерација кај нас. Следниот ангажман ќе му бил во УЕФА.

Каналите на ФФМ

Седат челните луѓе на ФФМ на важна средба со врвот на ФИФА. Сред напнатиот состанок, на Илчо му стигнува нотификација на мобилниот. Погледнува за што се работи, им се извинува на присутните, станува и оди во WC, да види што ново направило „Смешното мече“.

ФИФА ја испофали македонската фудбалска репрезентација

На официјалниот сајт на Светската фудбалска унија се појави голема статија во чест на одличните настапи на македонската фудбалска репрезентација која слави јубилеј од 25 години учество на меѓународна фудбалска сцена.

Дејан Станковиќ даваше ум како да се работи со младите во Македонија

Легендата на Лацио и Интер заедно со Оливие Доља беа гости во фудбалската академија на ФФМ во својство на предавачи. Станковиќ кој заедно со својот колега се дел од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја пофалија ФФМ за нивната посветеност во младинскиот фудбал во Македонија.

Скандирањето УЧК скапо го чини албанскиот фудбалски сојуз

Во пресрет на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, заседуваше Дисциплинската комисија на ФИФА која што изрече драконски парични казни за Албанскиот фудбалски сојуз.

Смешниот Ѕампарини му пратил писмо на Илчо Ѓорѓиоски

Прилепчанецот Илија Несторовски стана симбол и капитен на Палермо, клубот за кој во Серија Б досега даде осум погодоци. Затоа и не сакаат да мрда никаде, па ни во репрезентација.

ФФМ ли е, јулски оперски вечери ли се?

Најпријатна вест деновиве е трансферот на големиот фудбалски талент Ељиф Елмас во гигантот Фенербахче. Тоа ги инспирираше луѓето кои ја водат Фејсбук страницата на Фудбалската федерација на Македонија да го испратат бисерот со песна на далечен пат.

Бутрагењо и Саха во Скопје, ФФМ со детали за картите за Супер Куп

До мечот од Супер Купот останаа помалку од два месеци. Денес во Скопје на прес-конференција по тој повод се појавија претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха.

За Македонија ќе заигра 16-годишен талент

Праксата на новиот селектор Игор Ангелосвки да им дава шанса на младите фудбалери ќе продолжи и на пријателската против Белорусија која утре се игра од 18 часот во Скопје.

ФИФА објави листа, Косово е пред Македонија

Продолжува слободниот пад на македонската фудбалска репрезентација која што по најновата ранг листа на ФИФА се најде на 166. место.

Фудбалска Македонија останува закована на 162. место

Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.

Македонија У21 ги доби противниците за Европско

За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.

Јаховиќ промаши пенал и бод во 95-та минута

Во второто квалификациско коло за СП 2018, Македонија вечерва во Скопје загуби од Израел 1:2. Нашите создадоа многу шанси, играа отворен фудбал, промашија пенал и повторно загубија како во Скадар. На крајот аплаузи за играта.

Навивачко видео за поддршка на Македонија

Дарко Спејко, Сашко Коцев, Маријана Станојковска, Буштур, Лино Червар и Зорица Црношија повикуваат на 6-ти, 9-ти и 11-ти да се оди на арена Филип Втори.

Идеја за Мундијал со 48 земји, се отвора ли шанса за Македонија?

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не е задоволен со постоечкиот систем на натпреварување на Светските првенства со 32 селекции и според него треба да се прошири на 48 репрезентации од 2026. година.

Албанија со играчите од ЕП против Македонија

На 5. септември во Скадар, македонската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус, за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторот Ангеловски не може да смета на Трајковски и Агим Ибраими. Пандев ќе игра.

Се поздравија не се секирајте

По 3 минутното видео (барем толку видовме) во кое новиот претседател на ФИФА се поздравува со сите, само не со нашиот, ФФМ на Фејсбук објави слика и ја смири ситуацијата. На нејзе се Инфантино, Ѓорѓиоски и Теодоридис кој е заменик генерален секретар на УЕФА.

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

ФФМ ќе го анализира судењето на Ставрев

По нападите на ФК Вардар за судењето на Александар Ставрев на мечот против Шкендија, со соопштение се огласи и Фудбалската федерација на Македонија.