Таг: Епл

Фејсбук и Инстаграм се заканија дека ќе почнат да наплаќаат

За сега не е отворена закана туку е фино спакувана во „помогнете Фејсбук / Инстаграм да останат бесплатни“, и е упатена кон корисниците на Ајфон што ќе го инсталираат апдејтот кој треба да го блокира постојаното шпионирање од социјалните мрежи.

Империјата млако го возвраќа ударот

Откако Кинезите и Самсунг почнаа да се расфрлаат со камери од 100 мегапиксели, какви не екрани, процесори и мемории, Епл одлучи дека главна продажна предност на Ајфонот што ќе ја оправда цената ќе биде заштита на приватноста на своите корисници, па и покрај целиот ризик влезе во отворена војна со Фејсбук. Сега Фејсбук се обидува со јаукање и апели да ги придобие назад корисниците кои радо би гледале како целата компанија гори во незапирлив пожар.

Епл ги имаше сите пари на светот, па додаде уште 111 милијарди долари

За прв пат во историјата на Епл, компанијата успеа да собере над 100 милијарди долари (поточно 111 милијарди и 400 милиони) за точно три месеци. Па, кој сака нека честита.

Како Епл планира да крене рачна на шпионирањето од Фејсбук

Да повториме, на Фејсбук му е повеќе од доволно само да ја имате инсталирано неговата апликација (без ниту еднаш да ја отворите или пак да се логирате) за да може да ве следи што правите (ако немате Фејсбук апликација на телефонот, а имате Инстаграм или Вотсап, исто ви се фаќа). Епл најде лек и за тоа во нешто што се вика „Транспарентност на следење“.

Епл не сакал ни да се види со Маск за купување на Тесла

Илон Маск му вртел на првиот човек на Епл, Тим Кук, и му ја понудил за продавање својата компанијата за електрични возила. Освен телефонскиот повик, Кук не сакал ништо повеќе да има со Маск на темата.

Вест: Излезе нов Ајфон. Добра вест: Не е ништо посебно.

Има три камери како и претходниот, и по форма овој пат е речиси идентично коцкаст како Ајфон 4-ка и 5-ка од 2011/12 кои нели до сега нè научија дека е грдотија. А имаат поработено и на екологија, на ваша сметка.

Епл бара кратење на кириите за 50% за да ја истрпи пандемијата

Еден податок за Епл од пред неколку дена: вредноста на компанијата на берза за еден ден порасна за 170 милијарди долари, што е повеќе од БДП-то на Унгарија; а кога само ова еднодневно покачување би излегло на берза тоа би било 33-та по големина компанија на S&P500 индексот. Имајќи го сето ова предвид, Епл бара да му ги намалат кириите за дуќаните.

Епл, машала

Фановите на Епл треба да бидат задоволни што успешно го помогнаа повторниот мал раст, но сепак раст на залихата на готовина на компанијата која сега изнесува 207,06 милијарди долари. Алал вера колку сте упорни.

Епл извади нови тркалца за да види до кај може да тера

Почетната цена на новиот Мак про на Епл е 6.000 долари, а крајната, ако запнеш, може да стигне до 53.000 долари. И ова е познато, и горе доле разбирливо, имајќи го предвид квалитетот на компонентите и што сè ќе ставиш. Она што не беше познато е дека новиот Мак про ќе има и тркалца, и колку ќе чинат овие тркалца.

Зошто Епл е толку скап?

Затоа што им се може? Затоа што уште ги купувате? Затоа што е поквалитетен? Затоа што се алчна корпорација што гледа да направи што е можно повеќе пари? Затоа што е полесен за користење од сите други? Затоа што е поквалитетен? Затоа што и Гучи не нуди ништо повеќе па лупа цени? Затоа што имаш премногу пари па не ни размислуваш околу цената? Заради сите овие работи заедно?

Русин откри катастрофален баг (како за кого) на Ајфон

Заради пропуст кој до сега беше превиден (намерно или не) од глобалната технолошка заедница, Епл ќе заврши на суд во Москва.

И на Епл му се мили туѓи пари

Што прави Епл со залихата од над 200 милијарди долари во кеш? Ништо, позајмува нови 7 милијарди долари.

Виндоус најде човек што се вика Мек Бук

Единствената причина зошто Виндоус би имал потреба од човек со вакво име може да биде само маректингшка, и баш така е и употребен дечкото.

Џони Ајв, човекот што го дизајнираше Ајфонот, даде отказ во Епл

Моментално Епл, со сите свои илјадници вработени, нема позначаен вработен кој би можел да ја напушти компанијата од Џони Ајв. Инаку, разделувањето не е толку трагично како што на прва може да изгледа.

Ова функционира и со држачот на Епл од 1.000 долари

Мал вовед за тие што пропуштија. Епл имаат нов ултра добар монитор по цена од 5.000 долари. Е, тој монитор од 5.000 долари не доаѓа со постоље / држач, тоа се купува дополнително, за дополнителни 1.000 долари. (Бонус на ова е што сите цени на Епл во Европа во најдобар случај се исти само наместо долар, завршуваат со евро.)

Епл објави монитор од 5.000 долари, и компјутер од 35.000 долари

Иако Епл корисник е на готовс до последен жирант да ја правда секоја цена на нов Епл производ, годинава ова ќе бара вонредна волја и сила откако компанијата реши новиот монитор од 5.000 долари да го продава без постоље. За да имаш на што да ти стои мониторот се доплаќа уште 1.000 долари.

Епл секој месец го позлатува Амазон

Меѓу облакот на Гугл и облакот на Амазон, Епл се одлучи на повеќегодишно користење на сервисот на овие вториве, и моментално е еден од нивните најголеми клиенти, со најголема месечна фактура.

Епл годишно троши 150 милиони долари само на една авио-компанија

Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.