Таг: чкембари

Паролата со која Чкембари им честитаа роденден на Комити

Вечното дерби на македонскиот фудбал пак беше како во некои поубави времиња - многу пиротехника, вербални поштапалици, гостинска публика која касни пола саат зошто не ги пуштаат на време, фантастично корео на Комити и една досетлива парола од Битолчани по повод 30-от роденден на домаќинот.

Како настанало ривалството меѓу Чкембари и Комити

Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.

Фото на денот

Фк Пелистер се враќа на европска сцена каде вечерва со почеток од 20:45 ги чека тешко гостување против Лех Познањ во рамките на првото квалификациско коло од Лига Европа. Битолчани нема да бидат сами, патот за Полска го фатија и Чкембарите во Ултрас стил.

Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите

На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.

Чкембари се огласија по полициската бруталност во Кочани

По одиграниот дуел меѓу Брегалница и Пелистер во Кочани кој заврши 0-0, навивачите на Пелистер биле брутално претепани од полицијата која соопшти дека најпрво физички бил нападнат нивен колега. Нереди имало пред, за време и по одиграниот меч.

Прва лига со Чкембари и Мајмуни

Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.

Пелистер пред подвиг, Чкембари се мобилизираат

Откако една година играат во втората лига, фудбалерите на Пелистер сега имаат голема шанса преку бараж-двомечот со Хоризонт Турново да се вратат во најдобрата македонска лига.

За Борусија и Баерн се добродојдени, за Чкембарите не се

Германските навивачи први ја дадоа поддршката за бегалците од блискиот исток, Баерн Минхен и Реал Мадрид понудија донации од по милион евра, а последни со транспарент излегоа фудбалерите на Борусија Дортмунд. Во Македонија за сега се огласи само една навивачка група.

Чкембарска надворешно-внатрешна политика

Иако сме само двестекилометарски транзит за сите оние несреќници кои бегајќи од војната мораат да поминат и низ нашата напатена Македонија, тоа не им пречи на Битолчани да си го кажат својот став по прашањето за кое се далеку од повикани да даваат мислење.

Што изјавија Чкембарите

Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.

Тепачка на трибината кај Лозарите и Чкембарите

По крајот на четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Работнички и Фени, членови на Лозари кои беа потпомогнати од збратимената група Чкембари, се степаа наместо да ја прослават победата на Фени, па мораше да интервенира и полицијата.