Еурофарм Пелистер со помош на своите навивачи успеа да ја испрати хуманата порака која ја најави во пресрет на дербито против Вардар.
На полувремето од средбата во стилот на многу фудбалски клубови од Германија, Холандија и Шпанија, битолчани синхрониризано фрлаа плишани играчки на паркетот кои ќе бидат донирани за децата од ранливите категории.
Домаќините со оваа порака имаа за цел да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.
Убавиот гест на битолчани кои приредија спектакл и грмењето на навивачите кои „се јадеја“ преку своите препознатливи скандирања уште од 90-те.
Салата Боро Чурлевски грмеше како во најдобрите времиња.
Комити и Чкембари водеа војна на трибини преку пароли
Голот на Дибиров во последна секунда со кој ја замолчи салата