Таг: бундеслига

Вердер Бремен од физиотерапевтот и резервите направи навивачи

Фудбалот се врати, ама атмосферата на многу стадиони е пуста зошто е забранет влез за навивачи поради глобалната пандемија.

Тренерот на Фрајбург е хит, со ќотек славеше победа

Фудбалерите на Фрајбург ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 1:0 и тоа прва нивен триумф по враќањето на фудбалот во Германија. Кој му е овој начин на радување на нивниот стратег Кристијан Страјх? На еден од помошниците му ја даде во фаца па почна да го гушка.

Светски познати спортисти во спомен на убиениот Флојд

Големата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд, англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е само еден во низата спортисти кои бараат правда за убиениот Џорџ Флојд поради кој Америка веќе неколку денови е во пламен.

Хигиенскиот концепт на Бундеслига од позадина

Врти-сучи, Германците веќе одиграа 4 комплетни кола додека останатиот дел од Европа уште се спрема да продолжи по паузата поради глобалната пандемија. Ама па, тоа е Германија.

После цели 76 дена, вечерва ќе има јак фудбал и големо дерби

Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата

Тешко без своите навивачи - во Бундес домаќините освоија 6 од можни 27 бода

Германската Бундеслига го одигра првото коло после долгата пауза поради коронавирус и се испостави дека на домаќините и тоа како им фали домашна поддршка од навивачите.

Најлудите секунди во историјата на Баерн Минхен

На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.

Берлин е ова или Кисела Вода?

Пред едно 15-20 години гледавме меч од првата македонска лига меѓу Цементарница 55 и Пелистер во Кисела Вода. Седевме на единствената трибина, на бетон, а еден позади нас еден се качи со скала, директно од двор. И сега пази ова, во Бундеслига имаше сличен пример, ви се верува?

Стрелец на прв гол после Ковид-19 е кој друг ако не Халанд

Бундеслигата е прва од Топ5 но и од речиси сите други европски лиги која се врати по долгата пауза поради глобална пандемија. А првиот гол по рестартот го даде Ерлик Халанд на мечот Дортмунд - Шалке (4:0). Трчаше да прослави, ама сфати дека нема гушкање со соиграчите и дека на трибините нема навивачи.

Гест на колото: играчите на Борусија дојдоа до празна трибина да им заблагодарат на навивачите

Германската Бундеслига се врати. Имаше неколку интересни натпревари, голови, но и тажни празни трибини.

За да купи паста за заби и крема го нарушил карантинот - тренерот на Аугзбург го пропушта стартот

На 16-ти мај фокусот на светот на спортот ќе биде свртен кон камбекот на една од европските топ5 лиги. Бундеслига се враќа со детален протокол.

Германија е држава, затоа прва го враќа спортот на голема врата

Иако првиот случај на КОВИД-19 во Германија стаса дури 11 дена пред првиот случај во Италија, Германците најдобро од сите погодени големи земји ја менаџираа кризата. Благодарение на чесниот однос власт-граѓани-медицина, го изгаснаа пожарот и сега го враќаат фудбалот.

Клоп станал тренер на 33 години и правел шоу во Мајнц каде испиша историја

Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.

Знаете ли за јарецот кој традиционално го отвора секој натпревар на Келн?

Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.

Тројца позитивни во Келн, но тимот се спрема за продолжување на Бундеслигата

Германскиот фудбал неофицијално би можел да се врати од 15 мај, ако сè биде според планот. Во Германија разработија неколку комплексни правила за да го сведат на минимум ризикот од зарази од Ковид-19.

Ако е вака, ич не почнувајте со Бундеслига

Германската Бундеслига е накострешена да ја возобнови сезоната на 9 мај, иако властите во оваа земја уште ништо официјално не решија.

Рестарт на спортот сè поблизу, Бундес планира од 9-ти мај, Премиер од 8-ми јуни

Иако ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 и натаму е неизвесна, повеќе европски влади размислуваат за ублажување на мерките, а соодветно на тоа и многу национални првенства се острат да ги пуштат спортистите во арените.

Сите мислат на фудбалерите, а некој во кризава да помислеше на редарите?

И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.

„Не треба да си паметен да сфатиш дека Русија не кажува прав број на заразени“

Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Одвреме-навреме пишува колумни.

Германски четвртолигаш пишува преубава бајка, стигнаа до полуфинале на Куп

Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!

Зошто Хофенхајм и Баерн Минхен цели 15 минути само си ја подаваа топката?

Баерн гостуваше кај Хофенхајм и славеше со убедливи 0:6, но она што го направи овој меч ударна вест во сите спортски медиуми беше нешто сосема друго.

Приказна за љубовта меѓу фармацевтската компанија Bayer и Леверкузен

Симпатичен клуб кој повеќе бил во горниот дел од табелата во елитната Бундеслига, отколку во долниот. Почнал како гимнастичарски клуб па основале фудбалска секција. Гигантот Баер и фудбалскиот клуб од Леверкузен.

Маурицио Сари, поздрав од Емре Чан

На буквално пар дена откако дојде од Јувентус, германскиот репрезентативец Емре Чан постигна страшен гол за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ гостуваа кај Баер Леверкузен и мечот беше најдобар одигран сезонава во Бундеслига. Заврши 4-3 за домаќинот а Емре Чан постигна страшен гол.

Интригите во Топ 5 лигите во Европа

До пред некое време во Серија А и Бундеслига имаше само еден шампион а во Премиер лига стално беше неизвесно до крајот. Епа сезонава е скроз обратно.