Тројца позитивни во Келн, но тимот се спрема за продолжување на Бундеслигата

Германскиот фудбал неофицијално би можел да се врати од 15 мај, ако сè биде според планот. Во Германија разработија неколку комплексни правила за да го сведат на минимум ризикот од зарази од Ковид-19.

И покрај тоа што германските фудбалски клубови во помали групи ги продолжија тренинзите и се спремаат да го доиграат првенството без гледачи, во Келн веќе има три нови случаи заразени со коронавирус.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Како и фудбалерите на Баерн Минхен, Пардеборн, Борусија Менхенгладбах и други, кои тренинзите ги почнаа пред речиси еден месец, така и „јарците“ се вратија на тренинг на 6 април. Во помали групи, како што барале медицинските лица.

На 30 април двајца играчи и еден тренер (клубот не ги соопшти нивните имиња) биле позитивни на тестот за коронавирус.

Сега тие играчи, согласно медицинските протоколи, се изолирани од тимот и се во домашен карантин. Сите тројца за сега немале симптоми. Ги ставиле во прва категорија на опасност - сите кои контактирале со нив, се должни исто да бидат во карантин. Така по крајна мера постапуваат и компаниите од други сфери во Германија.

Првите тренинзи, германските бундеслигаши ги поминувале во групи од по 3-4 играчи, а на терен излегувале само фудбалерите кои имале два негативни теста на коронавирус.

Сега размерот на оние кои тренираат достигнува веќе по 12 луѓе (до април тренирале по групи од 8 играчи)

Групата со која што тренирале двајцата заболени фудбалери и еден тренер била изолирана од други, дури и различни соблекувални користеле. Сите нивни соиграчи биле со нив и сега се во прва ризична категорија. Следниот тест го прават во понеделник.

„Локалната медицинска управа веќе разговараше со заболените играчи и нам ни објасни дека сите луѓе кои биле негативни на тестот (значи не им нашле вирус), не влегуваат во категорија 1 и можат да продолжат да тренираат“, вели операцискиот директор на фудбалскиот клуб Келн, Алекс Верле.

ШТО СООПШТИЈА ОД КЛУБОТ?

Прво Келн не објаснил како тројцата се заразиле затоа што уште не е утврдено. Тоа ги вознемирило вработените и фудбалерите.

Второ, во клубот сметаат дека планот на DFL (германска фудбалска лига) за враќање на фудбалот е максимално успешна. 

„Здравјето и животот на нашите играчи и вработени е најважно од се. Ги презедовме сите чекори и стратегијата на постојани тестови се покажа како добра. Благодарение на тоа можевме да реагираме навремено“, вели директорот на клубот, Хорст Хелдт.

Во Келн цврсто веруваат дека екипата скоро ќе се собере во тренинг базата и сите ќе бидат на една локација. Но за тоа прво им треба дозвола од локалното здравство. Според планот, Келн треба да продолжи со тренинзи на една недела пред рестартот на Бундес - 8 мај.

Главниот доктор на екипата на Келн, Паул Клајн дал поопширно интервју за позицијата на клубот во однос на тренинзите.

„Сите играчи кои беа негативни на тест за коронавирус, може да продолжат со тренинзи. Таква одлука донесоа медицинските експерти откако го проанализираа процесот на групни собири. Во секој случај, одлуката ја носат лекарите. Од друга страна, за мене максимално важно е сите играчи и вработени во клубот да бидат здрави. Не дозволувам да ризикувам со состојбата на луѓето само за некој да не ја завршел сезоната“, вели Клајн.

Главниот доктор на фудбалскиот клуб Келн е во постојан контакт со шефот на специјалниот анти-коронавирус комитет при германската DFL, Тим Мајер и со други епидемиолози.

Во Бундеслига веќе се направени 1.000 теста благодарение на кои ризикот од влез на епидемија внатре во екипите е многу намален:

„Со таков опсег на тестирање би било чудно ако немаше позитивни резултати. Но ние сега можеме да реагираме максимално брзо. Во Кел има резервни тестови кои ќе овозможат по 2 тестирања неделно за сите играчи и вработени“.

АКО Е ВАКА, ИЧ НЕ ПОЧНУВАЈТЕ СО БУНДЕСЛИГА 

4 мај 2020 - 09:20