Таг: барселона

Голот на Бабунски во Топ 10 на Барселона

Македонскиот фудбалски бисер продолжува да ги тресе мрежите во дресот на Барселона. Последниот гол на Давид Бабунски се најде на 6-та позиција помеѓу најдобрите 10 голови постигнати од младинските тимови на Барселона во изминатата недела.

Шпионските игри на Барселона

Јавниот обвинител на Каталонија покрена обвинение против поранешните потпретседател и директор на фудбалскиот клуб Барселона заради шпионирање на менаџерите, директорите и сите останати вработени во клубот во периодот од 2005-та до 2008-та година.

Барселона редовен гостин на Сан Сиро

Екипата на Милан не може глава да крене од силата на „Каталонците" со кого само минатата сезона во Лигата на шампионите се сретна четири пати. Иако се работи за помалку актрактивен меч според имињата на клубовите, Турците со нетрпение ги очекуваат настапите на Снајдер и Дрогба на европската сцена.

Берлускони открива како ќе се чува Меси

Претседателот на Милан кој синоќа гостувал во телевизиска емисија, држел лекции како треба да изгледа тактиката на неговиот тим на мечот против незапирливата Барселона, кој се игра во среда во рамките на Лигата на шампионите.

Тито го брка рекордот на Мурињо

Со оглед на формата и резултатите, незапирливата Барселона многу лесно може да се случи да гo собори рекордот на актуелниот шампион на Шпанија, кој минатата сезона беше неприкосновен со 100 бодови и 121 постигнат гол.

Барса го доби епското кошаркарско Ел Класико

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид со 111:108 во лудо Ел Класико со две продолженија и се пласираа во полуфиналето на Купот на Кралот.

Сите 17 тимови на Барса победија викендов

За прв пат во историјата на клубот, овој викенд победија тимовите во сите можни возрасни категории.

Тики-така на грчки начин

Мајсторијата популарно наречена тики-така која единствено може да ја видиме во игрите на Барселона им успеа на грчки јуниорски фудбалери. Со 21 додавање без ниту една грешка, талентираните деца ја воодушевија публиката.

Барселона сѐ уште фаворит во Лигата на шампиони

По извлекувањето на паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони и кладилниците ги објавија новите коефициенти за освојувањето на титулата, а според нив, шансите дека Барселона ќе оваа година ќе биде шампион на Европа сега се уште поголеми.

„Мурињо те сакаме, Мурињо остани“

Не, ова не се зборови на фудбалерите на Реал Мадрид, ниту на навивачите на кралскиот клуб. Тоа е скандирање од типот сеир кое можеше да се слушне на вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид од страна на навивачите на Барса.

Салфетката која ја промени историјата на фудбалот

На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.

Кладилниците веќе ја прогласија Барса за шампион

До крајот на сезоната во Шпанија треба да се одиграат уште 23 кола, но интернет кладилницата Betfair им ги исплати добивките на оние кои имаа уплатено дека Барселона ќе биде шампион.

ОСУМДЕСЕТ И ШЕСТ!

Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.

Златната топка само за фудбалери на Реал и Барса

Ако сте фудбалер и ако сакате да ја освоите наградата за најдобар фудбалер на ФИФА, тогаш мора да следите едноставно правило кое вели дека дел од својата кариера мора да имате поминато во Реал Мадрид или Барселона.

Барселона ќе те откаже од цигари

Фудбалскиот клуб Барселона ги здружи силите со Европската Комисија и ќе се обиде да им помогне на навивачите да се откажат од пушење.

113 години ФК Барселона

На денешен ден во 1899-та година Жоан Гампер и група на швајцарски, англиски и шпански фудбалери го оформија еден од најуспешните шпански и европски фудбалски клубови.

Тагата на Барселона

Во новата книга на официјалниот клупски фотограф, Мигуел Руиз, се објавени до сега неприкажани фотографии од фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Барселона на домашен погон

Во 13-то коло од шпанската Примера, екипата на Барселона славеше на гостувањето кај Леванте со 0:4, а на поголемиот дел од овој натпревар на теренот играа 11 фудбалери кои се производ на нивната академија.

Барселона е многу повеќе од еден фудбалски клуб

Русите го искористија гостувањето на Барселона во Москва на натпреварот од Лигата на шампиони против Спартак, за лично од човекот задолжен за економскиот и статегиски развој на клубот, потпретседателот Хавиер Фаус да го проучат бизнис моделот на Барселона.

Селтик го расплака Род Стјуарт

Секако тоа беа солзи радосници од Англичанецот со шкотско потекло по победата на Селтик над Барселона од 2:1 и тоа ден по прославата на 125-от роденден на клубот.

100. победа на Мурињо, Барса рутински со Селта

Реал Мадрид и Барселона прославија лесни победи, а Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се запишаа во листата на стрелци.

Јувентус најпопуларен на гостувањата

Некои клубови се попопуларни од другите, а постојат и клубови кои кога некаде гостуваат тогаш во градот е празник (како порано Вардар кога гостуваше во Кратово). Најпопуларни гостински тимови во поголемите лиги се Ливерпул, Баерн и Барселона, а кога во Италија гостува Јувентус тогаш на стадион доаѓаат и по 10.000 гледачи повеќе од просекот.

Само Борусија (Д) и Баерн полнат стадиони

Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.