На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.
Жозе Мурињо е на прагот да освои нова титула во Премиер лигата и на тој начин да ја потврди теоријата на анти-модерен фудбал со која ѝ контрира на Барселона. Португалецот не тргна по патот на Гвардиола, Куман, Блан и Луис Енрике.
За прв пат во својата тренерска кариера, Пеп Гвардиола ќе игра против Барселона, неговиот клуб, дом и град. Според Луис Енрике, Гвардиола е најдобар тренер на светот, но Баерн немал среќа што им паднала Барса во полуфиналето.
Поразот од Драгао германската машинерија им го наплати на Португалците со петарда во првите 40 минути и со конечни 6:1 им покажа кој е кој во Лигата на шампионите. Изненадување немаше ниту во Барселона која повторно го порази ПСЖ.
Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.
Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.
Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.
Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.
Иако ќе настапи без носителите на играта, Баерн Минхен е фаворит во дуелот со Порто според букмејкерите. Барса гостува во Париз, каде минатиот септември одигра „Плејстешн“ натпревар со 5 голови и загуби 3:2 од ПСЖ. Ибрахимовиќ е суспендиран.
Капитенот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Чави ја прифати богатата понуда од катарскиот Ал Сад, каде ќе игра во наредните три години. Во Ал Сад веќе играше Раул Гонзалес.
Откако Реал Мадрид одби финалето на Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу, шпанската јавност две недели дебатираше за тоа каде Билбао и Барселона ќе се борат за пехарот од Кралскиот куп. На крајот се изгласа Камп Ноу.
Со доаѓањето на претседателот Лапорта и тренерот Рајкард во 2003 година, каталонскиот клуб стана синоним за најдобар европски модерен фудбал. Под водство на Рајкард и Гвардиола и со некои од најдобрите фудбалери што овој спорт ги видел некогаш, Барселона по ред ги освојуваше ЛШ и ЛЕ.
Гостувањето на Санчез Писхуан против Севиља и домашна средба против Валенсија се најголеми предизвици за Реал до крајот од сезоната во Ла Лига. Од потешките испити, Барса има гостувања против Атлетико Мадрид и Еспањол.
Со головите на Жереми Матје и Луис Суарез, Барселона го совлада Реал Мадрид 2-1. Единствениот погодок за „Кралевите“ го постигна Кристијано Роналдо и по вчерашниот триумф, Барса сега му бега на Реал 4 бодови. Најинтересните моменти од дербито.
Фудбалерите на Барселона и Јувентус се последните учесници во четвртфиналето на овогодинешното издание на ЛШ. И КаталонЦите и Бјанконерите ги потврдија победите од првите натпревари, а вечерта ја одбележи неверојатниот гол на Карлос Тевез во Германија.
Иако се наближува Ел Класико, Луис Енрике размислува само на вечерашниот реванш од осмина-финалето против Манчестер Сити. Старата дама ќе игра пред 80.000 френетични навивачи на Дортмунд, кој брка гол негатива од Торино.
Аргентинецот во 2015. година даде 20 голови и 12 асистенции, со што поведе во трката за Златна Копачка и стана деветтиот најдобар стрелец во историјата на европскиот фудбал
Целта на Суарез, Нејмар и Меси е да го надминат рекордот на постигнати голови во една сезона, кој го држи триото Меси, Ето и Анри кои дадоа 101 гол во една натпреварувачка сезона.
За 90 денови, Барселона ќе го игра петтото финале на Копа дел Реј во последните седум години. Откако станаа единствен шпански клуб што го освоил „требле“ (тројна круна) во сезоната 2008/2009, Каталонците до денес играа четири пати на завршниот натпревар од Купот.
Паралелно со сениорската, од пред некоја година се игра и младинска Лига на шампиони, за фудбалери под 19 години. Гледаноста на овие натпревари не е занемарлива, а во Брисел пред два дена со 12.871 гледачи рекордот го срушија навивачите на Андерлехт. Нивните миленици им вратија со победа над Барселона од 1:0 и се пласираа во четвртфиналето.
Барселона стекна предност пред реваншот со Сити на Камп Ноу, откако вчера ги победи „граѓаните“ 1:2 на Етихад. Покрај двата гола на Луис Суарез, во центарот на вниманието беа и Меси и Џо Харт, кој му одбрани пенал на Аргентинецот.
Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.
Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.