Таг: барселона

Како Меси го загрева голманот?

Ги сруши сите можни рекорди, најдобар стрелец е во историјата на клубот, а тоа што го прави на теренот, го прави и на тренинзите. Голманите немаат раат од него, ниту на загревањето.

Првите 50 секунди на Торес

Познат терен, свои навивачи, прв клуб во кариерата. Сето ова веројатно влијае кај шпанскиот напаѓач кој откако се загуби во Милан каде постигна само еден гол, направи кам бек во Атлетико и им покажа на Реал и Барса дека не заборавил да игра фудбал.

Нејмар vs Дамиан

Минатиот викенд, Барселона го декласираше Елче 0:6 на гостински терен. Покрај двата гола и асистенцијата, Нејмар покажа дека на грубо знае да врати со грубо.

Што треба да гледате викендов?

Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.

Барса, Меси и Енрике, каде запна работата?

Пред неколку сезони, каталонскиот клуб беше модел за атрактивен и отворен стил на игра, а трофеите се редеа еден по друг. Сега Каталонците се на насловните страни од многу поразлични причини.

Златното ривалство меѓу Кристијано и Лионел

Аргентинецот и Португалецот имаа богата година и срушија неколку рекорди во шпанската лига и во Европа. Во 24-минутна емисија под наслов „A golden rivalry“ , англискиот Скај спортс нè наврати на сите нивни достигнувања во 2014-та година.

Торес пречекан на Калдерон

И покрај поразите на Реал Мадрид и Барса во шпанската лига, викендов во Примера го одбележа враќањето на Фернандо Торес. Ел Нињо беше пречекан на Висенте Калдерон од 45.000 гледачи, кои дојдоа да го поздрават нивниот миленик. Торес веројатно ќе заигра во градското дерби против Реал Мадрид следниот викенд, а во Атлетико дојде на 1-ипол годишна позајмица.

Меси за публика

Една јапонска телевизија го предизвика Лионел Меси да се обиде да ја прими топката, откако претходно ќе ја рогне преку барикадата висока 18 метри.

Барселона не смее да пазари во 2015-та

Арбитражниот спортски суд ја одби жалбата на Каталонците и со тоа клубот официјално ќе треба да мирува на трансфер пазарот идната година.

Кој колку трча во Барселона

Лео Меси лесно ќе ве претрка и да сте со точак, а Жорди Алба може слободно да го пријават на подолги маратони.

Кога на ждрепка ќе ти се падне Барселона

Манчестер Сити минатата година беше елиминиран од Барселона во осминафиналето од ЛШ, а кога нивниот директор денеска го гледаше извлекувањето на паровите, голтна кнедла.

Почнува Светското клупско првенство

Со плејоф натпреварот меѓу Могреб Тетоуан и Оукленд Сити, денеска започнува турнирот на кој во Мароко ќе играат уште и Реал Мадрид и Сан Лоренцо како прваци на своите континенти. 

Реал и Барса на пеглање поради навредливи песни

Навивачите на Барса викендов ги навредуваа ривалите од Еспањол, а оние на Реал скандираа против Меси и Каталонија, по што 17 навивачи добија доживотна забрана да влезат на Сантијаго Бернабеу.

Седум клуба што даваат највисоки плати

УЕФА стриктно се држи до финансискиот фер плеј, по што неколку клубови имаат забрана за нови трансфери. Сепак, тоа не е причина истите тие клубови енормно да ги плаќаат играчите во составот.

Меси за неговата неизвесна иднина

И покрај тоа што заработува 16 милиони годишно, а договорот му трае до 2018 година со откупна клаузула од 250 милиони евра, четирикратниот освојувач на Златната топка за прв пат изјавува дека можно е да ја напушти Барселона.

Ибраими го пречекува Челси, Рома ќе се вади во Минхен

По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.

Барса има најстар тим во Примера

Фотографијата на Каталонците пред Ел Класико ја покажува недовршената клупска револуција сезонава. И покрај настапите на младите Мунир, Рафиња и Сандро, клубот од Камп Ноу ги има највозрасните првотимци во шпанската лига.

Бернабеу е омилениот стадион за игра на Меси

Аргентинецот против Реал Мадрид постигнал 21 гол на 28 натпревари, а во Мадрид дал 12 голови на 8 натпревари.

Рома понижена, шоу на Луиз Адриано во Борисов

Третото коло од ЛШ донесе седмици во Рим и во Борисов, каде Баерн и Шахтјор се поигруваа со противниците. Агим Ибраими промаши пенал во убедливиот пораз на Марибор против Челси, а во натпревар со 7 гола, Шалке го победи Спортинг со гол од пенал во судиското продолжение.

Британците 15 минути без преносот од Ел Класико

Поради телевизиските права кои во Британија не дозволуваат пренос на странски фудбал во периодот од 14:45 до 17:15, целото дерби ќе доцни на островот.

Барселона во лигата може да добие замена од Андора

Шпанско првенство без „Ел Класико“ ќе биде најголемото разочарување за навивачите доколку Каталонија прогласи независност.

Ибраими со бод во Гелзенкирхен, Барса поразена од ПСЖ

Во вечерта на реми натпревари, Шахтјор успеа да постигне два гола во судиското продолжение. Победи славеа Баерн Минхен, Бате, Челси и ПСЖ. Бодовите ги поделија Ајакс, АПОЕЛ, Манчестер Сити, Шалке, Марибор и Рома. Нашиот Ибраими го одигра целиот меч за Марибор.

Барселона и Јувентус ја немаат извадено топката од гол

Голманите и одбраните на овие две екипи можат најмногу да се гордеат, затоа што тие се единствените во конкуренција на најсилните пет лиги во Европа без примен гол оваа сезона.