Претседателот на СД Барселона, Жорди Бартомеу во присуство на семејството на Тито Виланова го преминуваше тренинг кампот од „Сиудад еспортива Хоан Гампер“ во СЦ. Тито Виланова.
Виланова ја почна кариерата во Барселона Б во 1988 година. Подоцна играше уште за Фигуерес, Селта, Бадахоз, Мајорка, Леида и Елче. Играчката кариера ја заврши во сезоната 2000-2001 како фудбалер на Граменет.
Во тренерските води, Тито Виланова влезе во 2007. година кога стана помошен тренер во Барселона Б. Како помошник на Гвардиола и претходно на Рајкард, Виланова беше на таа позиција од 2008. до 2012.
Прв тренер на Барселона стана во 2012. година и ги водеше Каталонците до 22. титула во Примера. Како шеф на струката во блауграна, Виланова имаше учинок од 34 победи, 6 нерешени и 5 порази. Барса под негово водство даде 121 а прими 51 гол.
Прилогот за денешната промоција почнува на 4:35 од видеото: