БАРСЕЛОНА - БАЕРН МИНХЕН (20:45)
- Каталонците не примиле гол на последните пет средби во сите натпреварувања.
- Баварците победиле на три од последните четири гостувања на Камп Ноу, заклучно со убедливиот триумф 0:3 во 2013. година.
- Баерн го доби полуфиналето тогаш со вкупни 7:0, затоа што претходно во Минхен славеше 4:0 со двата гола на Томас Милер и по еден на Гомез и Робен.
- Двата тима играа полуфинале и во сезоната 1995/1996 во УЕФА купот. Тогаш Баерн победи со вкупен резултат 4:3. Гвардиола го играше тој двомеч за Барселона, заедно со Карлес Бускетц, таткото на сегашниот првотимец.
- Пеп Гвардиола ја водеше Барселона како тренер во сезоната 2008/2009 кога Блауграна го елиминираше Баерн Минхен од четвртфиналето на ЛШ. На Камп Ноу победија 4:0, а во Минхен беше 1:1.
- Барса ќе игра за осмо финале на лигата на шампионите. Избраниците на Луис Енрике сезонава победија на сите пет натпревари на домашен терен во ЛШ.
- Тимот од Камп Ноу последен пат загуби дома токму од Баерн Минхен во 2013. година. Од тогаш наваму, Барса славела на 25 од 32 натпревари во ЛШ на домашен терен.
- Против екипите од Бундеслига, Барселона на Камп Ноу има 19 победи, 1 нерешена и 7 порази.
- Барселона го игра седмото полуфинале во последните осум години, а победиле во шест полуфиналиња од 14.
- Баерн е петкратен европски првак и ќе игра за 11-то финале во ЛШ. Минатата година испадна од Реал Мадрид во полуфиналето со вкупни 5:0.
- Против шпанските тимови Баерн има одиграни 16 натпревари со реванш и учинокот им е 9 победи и 7 порази.
- На шпанско тло, баварскиот гигант има 6 победи, 5 нерешени и 11 порази.
Можни состави:
Барселона - Тер Штеген, Алвеш, Пике, Маскерано, Алба, Ракитиќ, Бускетц, Иниеста, Меси, Суарез, Нејмар.
Отсутен: Матје (повреда)