Невозможна мисија за ПСЖ, Баерн брка два гола

Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.

БАЕРН МИНХЕН - ПОРТО (20:45)

- Двете екипи го играат третото меѓусебно четврт-финале во Европските купови. Баерн на два пати излегуваше поуспешен.

- Баерн Минхен има импресивна серија на Алијанц Арената во ЛШ. Победи на сите четири натпревари со гол разлика 13:0, а најмногу од овие голови паднаа на мечот против Шахтјор Доњецк, кога Баварците славеа 7:0.

- На домашен терен против португалските екипи, Баерн Минхен има 8 победи, 2 нерешени и ниту еден пораз. Баерн победи на сите осум претходни двомеча со тимови од Португалија.

- Баерн Минхен успеал да надомести пораз од првиот натпревар во девет пригоди.

- Порто ќе чува два гола предност и ќе се бори за прво полуфинале од сезоната 2003/2004, кога ја освоија ЛШ со Жозе Мурињо.

- Последно четврт-финале Порто играше пред 6 години, кога загуби од Манчестер Јунајтед.

- Порто нема пораз сезонава на гости во ЛШ, вклучувајќи го и плејофот и има три победи на пет гостувања.

- На гости во Германија, Порто има 3 победи 4 нерешени и 6 порази.

- Порто поминал понатаму на 34 од 41 двомеч кога победил дома на првиот натпревар.

Можни состави:

Баерн Минхен - Нојер, Рафиња, Боатенг, Бадштубер, Бернат, Алонсо, Лам, Тиаго, Геце, Милер, Левандовски.
Отсутни: Алаба, Бенатиа, Мартинез, Робен и Штарке (сите повредени)

Порто - Фабијано, Рикардо, Маикон, Марчано, Мартинс Инди, Ерера, Каземиро, Оливер Торес, Кварезма, Џексон Мартинез, Брахими.
Отустни: Алекс Сандро и Данило (суспензија), Тељо (повреден).

БАРСЕЛОНА - ПСЖ (20:45)

- Изјавата на Лорен Блан дека ПСЖ е голем клуб во изградба, а Барса е веќе голем клуб го објаснува четвртфиналниот дуел меѓу двата тима.

- Вечерва во тимот на ПСЖ ќе се вратат Златан Ибрахимовиќ и Марко Верати, кои ги одлежаа суспензиите.

- Барса и ПСЖ ќе се сретнат по четврти пат сезонава. Барса славеше на два пати, а Парижаните еднаш во групната фаза.

- Барса загуби само еднаш на последните 31 натпревар на домашен терен во ЛШ. На последните девет средби на Камп Ноу, Каталонците имаат осум победи и една нерешена.

- Против француските клубови, на домашен терен Барселона има 6 победи 2 нерешени и 1 пораз.

- Блауграна го игра рекордното осмо четврт-финале по ред во ЛШ. Минатата година испаднаа во полуфиналето од Атлетико Мадрид.

- Каталонскиот тим поминал дури 34 од 36 пати кога победил на гостински терен во европските натпреварувања.

- Во Шпанија, ПСЖ има 4 победи, 2 нерешени и 4 порази. Последната победа на Пиринеите, ПСЖ ја оствари во сезоната 2012/2013 кога ја победија Валенсија на Местаља.

Можни состави:

Барселона - Тер Штеген, Алвеш, Пике, Маскерано, Алба, Ракитиќ, Бускетц, Иниеста, Суарез, Меси, Нејмар.

Отустен: Вермален (повреден).

ПСЖ - Сиригу, Ван дер Вил, Давид Луиз, Маркињос, Максвел, Верати, Кабаје, Матуиди, Кавани, Ибрахимовиќ, Пасторе.

Отсутни: Силва и Мота (повредени), Орие (суспендиран).

Играј ги на Типстер и освои подароци за месец април.