Со десет кола до крајот на сезоната во Примера, сите гледаат во календарот, за да видат со кој играат Барса и Реал до крајот.
На прв поглед, Реал има право да верува со оглед на тоа што има натпревар повеќе на домашен терен од Барса до крајот. Сигурно дека избраниците на Луис Енрике имаат голема предност од четири бодови, иако фудбалерите на Анчелоти имаат подобра меѓусебна гол разлика 4:3.
До крајот, Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу игра против Гранада, Еибар, Малага, Алмерија, Валенсија и Гетафе. На гостински терен, Меренгес треба да играат против Рајо Ваљекано, Селта Виго, Севиља и Еспањол. Клучни датуми за разврска за титулата може да бидат 11 и 19 април, кога Реал ги пречекува Еибар и Малага, а Барса гостува во Севиља и потоа ја чека Валенсија на Камп Ноу.
Барса и Реал играат и во четвртфиналето на ЛШ, што дополнително може да се одрази на нивните настапи во домашното првенство. Првите мечеви со ПСЖ односно Атлетико Мадрид се на 14 и 15 април, пред Барса да ја пречека Валенсија на Камп Ноу а Реал Малага на Бернабеу.
Реваншите од ЛШ се недела дена подоцна, на 21 и 22 април, во седмицата кога Барса му гостува на Еспањол, а Реал Мадрид гостува кај Селта во Виго.
Евентуално полуфинале од ЛШ би се играло на 5 и 6 мај, со реваншите на 12 и 13 мај. Хипотетички период во кој Барса го пречекува Реал Сосиедад и гостува на Висенте Калдерон, а Реал Мадрид би играл полуфинале пред да ја пречека Валенсија и да гостува кај Еспањол.