Таг: баерн минхен

Парола во центар на навивачите на Баерн за Румениге и Катар

Минатиот викенд Баерн Минхен со 4-2 го совлада Вердер Бремен во Бундеслига, а мечот беше прилика и најверните навивачи на Баварците од Südkurve (Јужна трибина) да кажат што мислат за договорите кој нивниот клуб ги има со Катарците.

Детето кое направи сите во Германија да заборават на Филип Лам

За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.

Уште еден јак доказ за величината на Гвардиола

Јосеп Гвардиола е најдобриот тренер на денешницата. Во прилог на оваа теза одат многу факти од кои ги издвојуваме оние рекордните. После Шпанија и Германија, Пеп прави чуда и во Англија.

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

Колку пари чини да гледаш фудбал низ Европа?

Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.

Дали вашата алчност сега конечно е задоволена?

И покрај тоа што најавија бојкот на гостинскиот меч од ЛШ против Андерлехт, сепак во Белгија се појавија навивачи на Баерн Минхен и им оставија пари и порака на домаќините.

Фестивал на голови во Париз, Ристовски со нов настап

ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.

Германец не ти дава 100 евра за карта

Во земја каде односот клуб-навивачи е фино испеглан, а цените за билети се така достапни за секој, што стадионите им се скроз полни, не проаѓаат понуди како оние на Андерлехт, па макар добиле и помош од клубот.

Тапанарот кој го заменува Ноер на голот на Баерн Минхен

Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.

Која е најубавата кореографија во Лигата на шампионите

Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.

Новите шест правила на Хајнкес во Баерн

Дисциплината е збор кој најдобро го опишува старо-новиот тренер на Баварците, Јуп Хајнкес кој се врати од пензија за да го врати победничкиот менталитет, но и редот во клубот. Строгиот Германец им донесе тројна круна во сезоната 2012/2013.

Спектакл и шест гола во Лондон, Јунајтед „мурињовски“

Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.

Документарецот за Баерн Минхен

Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.

Фудбалерите на Баерн тренирале без да знае Анчелоти

За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.

Анчелоти исмеваше нигериски новинар, па му се врати

Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти како ретко кога во животот не знаеше да се снајде во топ европски клуб па доби отказ. Неколку часа пред да добие клоца, Карлито надмено се потсмеваше со еден реномиран нигериски новинар.

Челси до победа во последен момент, ПСЖ и Јунајтед моќни

Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.

Замената за Анчелоти се издал дека ќе биде тренер на Баерн

Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.

Деби на Ристовски, Меси сам го победи Јувентус

Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во Атина со победа дебитираше во најважното клупско натпреварување. Рома и Атлетико одиграа без голови, ПСЖ страшен.

Интервјуто кое на Левандовски му направи голем проблем

Најдобриот напаѓач во германската Бундеслига Полјакот Роберт Левандовски дал интервју за изданието Der Spiegel кое и тоа како не му се допаднало на Баерн Минхен.

Собирач на топки помогна во поразот на Баерн Минхен

Германскиот шампион не успеа да стигне до 3 од 3 на стартот од новата сезона во Бундеслигата. Викендов имаа незгодно гостување против Хофенхајм каде загубија 2:0. Двоен стрелец на мечот беше Марк Ут, а во акцијата на првиот погодок клучен беше потегот на едно од децата кое собира топки, се со цел да се изведе експресно брз аут.

Анчелоти заигра карти во родниот крај

Секое место, помало или поголемо има свој лик кој заминал на работа по светот а со него се горди земјаците. Така е и со еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот Карло Анчелоти кој се врати во родното место Реџоло во Италија и поиграл карти пред локалната коперација.

Голема борба на германските ултраси против сојузот

Минатата недела конфликтот меѓу германските ултраси и Германскиот Фудбалски Сојуз зема широк замав не само во земјата туку и во Европа.

Како Левандовски даде 5 гола за 9 минути

Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.

Коментаторска утка со паузата за вода и Рибери

Попладнево пријателска средба играа Баерн Минхен и Челси (3-2) на која што коментаторот направи смешен лапсус. Во 74 минута од мечот Франк Рибери тргна кон аут линијата да се напие вода за време на судискиот тајм-аут а спикерот прочита што пишува на екранот и мислеше дека во игра влегува Дринк Вотер.