Дали вашата алчност сега конечно е задоволена?

И покрај тоа што најавија бојкот на гостинскиот меч од ЛШ против Андерлехт, сепак во Белгија се појавија навивачи на Баерн Минхен и им оставија пари и порака на домаќините.

Многу ултраси на германскиот првак одбија да одат на патување во 5. коло од ЛШ во знак на револт од високите цени на влезниците кои Андерлехт им ги понуди за 100 евра.
 
Тие што решија да го следат мечот на лице место спремија оригинален протест кој се состоеше од фрлање на лажни банкоти на евра.

Судијата беше приморан да го исчисти теренот за Андерлехт да изведе корнер, а навивачите на Баерн за тоа време кренаа банер со прашање:
„Дали вашата алчност сега е задоволена...100 евра?

Ова не е прв пат Германците да протестираат за високите цени на гостинските мечеви во Лига на шампиони. На гостувањето на Емирати во Лондон на терен фрлија ролни со хартија и извадија банер на кој пишуваше „Без навивачи, фудбалот не вреди ни пет пари“.
 
Навивачите на Баерн за гостувањето против Арсенал картите ги платија по 64 фунти (72 евра), а за Андерлехт 100 евра. Кога тие се домаќини во ЛШ наплаќаат по 50 евра.
 
 
23 ноември 2017 - 09:40