Фудбалерите на Баерн тренирале без да знае Анчелоти

За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.

Германскиот весник „Kicker“ тврди дека неколку фудбалери на Баерн биле до толку убедени дека тренинзите на Карло Анчелоти се погрешни, што тие почнале да му работат зад грб со свои методи.
 
За најголеми бунтовници на германскиот првак се посочуваат Мануел Нојер, Томас Милер и Џером Боатенг, а заедно со нив на листата на незадоволни играчи од работата на Анчелоти се и Рибери, Робен и Хумелс.
 
Неколку од овие играчи дури биле и на разговор со раководни луѓе од клубот, а на темата за тренинзите биле на прием и кај извршниот директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге.
 
Интересно е што овој состанок не се одржал тајно, туку напротив Анчелоти бил известен за што се работи, но и покрај тоа одбил да го смени својот пристап кон начинот на водење на тренинзите.
 
Според пишувањата на весникот фудбалерите тогаш ја донеле одлуката за тајни тренинзи кои според нив биле неопходни за да можат да се натпреваруваат на највисоко ниво.
 
Ариен Робен како нагласен критичар изјави дека дури и син му во младинскиот тим на Баерн Минхен имал подобри тренинзи од оние на италијанскиот стратег.
 
Малку се чудни тврдењата на фудбалерите на Баерн кои му свртеа грб. Па човекот освои 20 трофеи како тренер: 

3 октомври 2017 - 11:30