Еден од најдобрите техничари на модерниот шпански фудбал се врати на теренот во својот Виљареал, клуб кој го направи голема ѕвезда и кој сега му дава нова шанса.
Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.
Високиот и борбен централен бек баш нема среќа со стопалата и Ахиловата тетива која што неколку пати во кариерата го принудуваше долго да паузира. Сега ќе го пропушти најважниот фудбалски настан во неговата кариера.
Пазете ја ситуацијава. Навивач на Арсенал си поминува најнормално и наеднаш јаде пендрак во глава, како да е најнормално. ВО ГЛАВА. Одвратна сцена пред стадионот на Атлетико Мадрид.
Првиот меч од „финалето пред финалето“ меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид донесе бурни 90 минути со два гола, две исклучувања и многу шанси. Во Франција Марсеј потврди дека е решен да оди до крај.
Еден од најдобрите тренери на светот знаеше да изненади пријатно на неекоја од многуте прес-конференции и со изјава да ги засмее новинарите. Не како Мурињо, туку пристојно како што само тој умее.
Преку официјално соопштение на клупската страна, легендарниот француски тренер објави дека по завршувањето на сезонава си оди од својот дом кој го водеше 22 години!
Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.
Секој пат на 4-5 минути до почетокот на мечот тој чувствува нагон за повраќање. Кога ќе ја заземе својата позиција, околу него сите урлаат и должен е пак да се бори како гладијатор до крајни напори цели 90 минути.
Навивачите на Милан веќе неколку кола по ред паѓаат во еуфорија на една нивна песна. На рефренот од таа песна наместо АЦ (Италијанците го викаат Ачи) Милан, синоќа навивачите на Арсенал пееја Оспина. Фино звучеше.
Арсенал го елиминираше Милан во осминафиналето од Лига Европа откако синоќа славеше на вториот дуел со 3:1. Милан поведе и бркаше барем уште еден гол за 0:2, што ќе значеше продолженија, но потоа на сцена стапија судиите.
ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.
Фудбалерите на Милан го загубија и вториот осминафинален натпревар во ЛЕ од Арсенал, а дамка на натпреварот фрли судијата кој досуди непостоечки пенал само 4 минути откако Италијанците поведоа на Емирати. Топџиите потоа направија пресврт и славеа 3:1.
Чешкиот голман веќе една деценија е меѓу најдобрите светски голмани. На дуелот против Вотфорд му одбрани пенал на Трој Дини и тоа беше неговиот 200-ти меч во Премиер лига без примен гол (clean sheet). Ова беше воедно и првиот одбранет пенал на Чех како голман на „Топџиите“. Арсенал победи 3:0 со головите на Мустафи, Обамејанг и Михтарјан.
По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.
Тимот на Арсен Венгер ќе нанижи уште една од многуте сезони без трофеј, на што се вади од кожа секој нивни навивач. Во неделата во финалето на Лига Куп: Арсенал - Манчестер Сити 0:3. Синоќа во Премиер лига: Арсенал - Манчестер Сити 0:3.
Англискиот печат пишува за една чудесна споредба меѓу овие двајца тренери. Да не знае човек дали повеќе да му се чуди на Шпанецот кој троши до светски рекорд или на Французинот кој шпара како да ќе биде во Арсенал уште 200 години.
На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?
По финалето на Лига купот во кое изгубија убедливо 0:3 од Манчестер Сити, кога Арсен се бунел за малку дополнително време, четвртиот судија го прашал: „Што ќе ти е уште продолжение“?
А треба да биде премногу дрзок да ја одбие и таа понуда - фактички последна шанса да ја заврши кариерата достојно, а не во Лига Европа. Но, којзнае, можеби и Арсен ја слушнал приказната дека со Флорентино е убаво да се дружиш, но не и да работиш.
Младиот претседател на чудесниот шведски клуб Остерсундс, пред еден месец на гала вечер по повод доделување награди на најдобрите спортисти во Шведска во изминатата година, рекол: „Ќе го победиме Арсенал“. И го победија.
Фудбалерите на шведскиот Остерсундс дефинитивно ја одбележаа сезонава во Лига Европа откако по феноменалните историски резултати во групната фаза беа пред чудо и сензација против лондонски Арсенал. Поведоа 0-2 на Емирати, но „Топџиите“ се спасија на крај.