Арсенал со супер 6/6 ја заврши групата во Лига Европа и со 18 бода оди во нокаут фаза. „Топџиите“ славеа 2:4 против ирски Дандалк а момент на мечот беше вториот гол за Арсенал кој го даде Мохамед Елнени.
Микел Артета никако да ги склопи коцките во Арсенал и од коло во коло неговиот тим изгледа како просечна екипа која во моментов после поразот од Тотенхем е на 15. место. Против Спарс вториот гол го примија така што Парти повреден бараше измена а Артета го избутка да спречи контра. Во истата акција Кејн зголеми на 2-0.
Кам бекот на англиските навивачи на трибините беше доживеан како спектакл на островот. Први ја имаа таа привилегија оние на Арсенал кои во редуцирана бројка од 2.000 ги бодреа на меч од ЛЕ. На социјалните мрежи споделуваа видеа од влезот и велат дека секој од нив добил аплауз.
И покрај тоа што веќе како да се навикнавме, вистината е дека апсолутно не се навикнавме. Фудбал без навивачи го нема истиот драж, па и кога гледа човек дома сам. Друго е со нив кога ќе запеат и кога ќе згрмат на гол.
Арсенал изгуби дома 1-2 од Вулверхемптон и продолжи серијата слаби резултати под водство на Микел Артета. Фрустриран беше и стоперот Роб Холдинг кој по еден дуел со гигантот и најголем билдер меѓу фудбалерите Адама Траоре изнервиран се издра на цел глас.
Арсенал дури во вториот дел го скрши отпорот на норвешки Молде, славеше со 0:3 и се пласираше во нокаут фазата на Лига Европа. Ама сè ќе беше поинаку ако домашниот стопер Шериф Синјан во 15' минута не промашеше чист зицер. Притоа се опна кај што најмногу боли.
Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација е тема на разговор меѓу следбениците на Премиер лига. Синоќа на мечот Лидс - Арсенал, Џани беше во главна улога на теренот а за него зборуваа и во студиото на Скај Спортс.
Астон Вила синоќа му нанесе убедлив пораз на Арсенал од 0:3. Резултатот го отворија во 25-та минута по еден несфатлив млак начин на играње одбрана. Рос Баркли и Џек Грилиш си играа мајтап со одбраната за на крај 19 годишниот Бакајо Сака да си даде автогол
Арсенал синоќа го победи ирски Дандалк во 2. коло од Лига Европа со 3:0 и тоа беше прв натпревар од 1. јули на кој „топџиите“ не примија гол на домашен терен. А мечот го одбележа уште една занимливост.
Големиот Арсен Венгер масовно ја промовира својата автобиографија: дава големи интервјуа, зборуваше за Мурињо и раскажува еден куп настани од фудбалскиот живот.
На 20 април 2002 година, 16-годишниот Вејн Руни првпат се најде во составот на Евертон, но тренерот Дејвид Мојес таа пролет не се охрабри да му даде шанса на малиот напаѓач.
Студената војна меѓу Месут и Арсенал продолжува. Некогашниот репрезентативец на Германија кој освои Светско првенство, сега 7 месеци не играл за „топџиите“ и постојано ја критикува управата преку медиумите.
Легендарната маскота Ганерсаурус доби отказ од клубот поради кратење на трошоците поради глобалната пандемија. Синоќа стигна вест дека Месут Озил ќе дава од џеб за плата за маскотата.
Првичниот свет на кој сме навикнати продолжува да се менува. Арсенал, клуб пред чии домашни натпревари секогаш на терен ја гледавме маскотата Ганерсаурус, реши да се збогува со омилениот лик на навивачите.
Англија а и целиот свет се спремаат за (веќе никој не знае точно) втор ли трет бран, па премиерот на Велика Британија Борис Џонсон објави дека навивачи на трибините нема да има од 1. октомври „па до никој не знае кога“.
Французинот кој смени многу клубови, освои скоро сè што може да се освои, виде различни земји и култури, но се памети по пискиот јазик и конфликтниот карактер кој ги излудуваше тренерите и селекторите.
„Топџиите“ ги начекаа мамурни Ливерпул и Манчестер Сити па глатко ги победија. Едните со 2:1 во Премиер, а другите со 2:0 во полуфиналето на ФА Купот и по рекорден 21 пат се пласираа во големото финале на најстариот фудбалски турнир на светот. Може да ја спасат сезоната со трофеј.
Неодамна Робин ван Перси јавно го кажа она што многумина го мислат - денешниот Арсенал е екипа без победнички менталитет. И во право беше. Во клубот играат полу-играчи на кои не им е важно да се борат за највисоки цели зошто целиот амбиент во клубот е таков.
Арсенал по којзнае кој пат ги издепримира своите најверни навивачи. Поведе на гости против Брајтон со 0-1 во 68' минута, ама после во рок од 20 минути до крајот примија 2 гола и изгубија. Ама да се вратиме ние на насловот. Дани Себалос до Букајо Сака преку Лаказет:
Бразилскиот стопер ги одигра можеби најкатастрофалните 20 минути во својата богата кариера. Толку лошо изигра против Сити синоќа што ако не му го продолжат договорот, ова ќе му биде последен меч во Арсенал а можеби и во Англија.
Кога на 9 март новото засилување на Лестер, Харви Брнс го запечати дебаклот на Астон Вила со гол за 4-0 во 85' минута, никој не претпоставуваше дека тој гол и тој меч ќе бидат последни пред една долга и мачна пауза.
Пред две и пол години Арсенал го потпиша можеби најнеобичниот рекламен договор во Премиер лигата. Првпат во клупската историја тимот од северен Лондон на ракавите од дресовите стави реклама.