Некој би помислил како на Озил му е тешко зошто воопшто не игра за Арсенал, а уствари нему му е најубаво: Ај што е најплатен фудбалер во цел клуб (350.000 фунти неделна плата), плус и во септември врз основа на ставката „бонус за лојалност“ добил неверојани 8 милиони фунти. Практично со прст не мрда а зема грдни пари.
Бонус за лојалност е сума за фудбалер предвидена во договорите. Најчесто ги пропишуваат на одредени дати со цел да го мотивираат играчот да остане во клубот до моментот на истек на тој бонус. Овој бонус на лојалност некогаш и пропишува и невозможност за трансфер зошто играчот во тој случај би морал да го врати бонусот.
Месут минатово лето одби да замине во Ал Наср во Саудиска Арабија (посебно е почитуван во арапскиот свет поради големата побожност). Арсенал за тој трансфер можел да добие 5 милиони фунти и да растерети ОГРОМЕН буџет за неговата плата, а самиот Озил би добил 2-годишен договор на Истокот.
Во меѓувреме Озил поработи на својот пи-ар и реши на свој товар да ја понесе платата на маскотата на Арсенал Ганерсаурус (поточно Џери Ки кој цели 27 години ја носи познатата маскота на Арсенал), кој доби отказ од клубот пред неколку недели. Озил доби големи пофалби за овој гест, а некои навивачи го обвинија дека само работи на пи-ар за да го обели образот што зема толкава плата за ништо.
Месут беше еден од првите фудбалери во Премиер лигата кој одби какво било кратење на плати од почетокот на глобалната пандемија. Тој за таквото нешто ја обвини управата.
„Ние сакавме да учествуваме во тоа кратење, но ни требаа повеќе информации зошто многу прашања останаа без одговор. Јас не бев против кратење, не мислам дека тоа е понижување, но се најдовме во ситуација без никакво објаснување. Имавме право да знаеме каде ќе одат тие пари од платите за да донесеме одлука. Беше неправедно, барем да не отпуштаа луѓе од клубот. Имам дома дете, имам одговорност пред семејството тука и во Турција и во Германија, како и одговорност пред хуманитарните фоднови“.
Сега Озил како стојат работите до крајот на сезоната можеби веќе да не заигра воопшто за Арсенал, а навивачите викаат дека е поарно да ја облече маскотата Ганерсаурус зошто и онака ништо не прави.