Таг: арсенал

На никој не му е јасно зошто ја фати со раце

Играч на Стандард синоќа против Арсенал беше свесен дека нема да стигне една долга топка, па ја прибра со раце ко на рагби. Топџиите креваа раце во стил што прави човеков, а овој изгледа мислеше дека игра со другарите кај Гуц. Е добро де, да не губиме време.

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.

Унаи Емери и Пики Блајндерс

Кралот на Лига Европа, како што новинарите го завикаа човекот кој со Севиља икс пати го освојуваше пехарот во ова натпреварување, не ги издржа нападите од навивачите, притисокот во соблекувалната и нелојалноста на некои играчи во Арсенал. Доби отказ, а на негово место, привремено седна Фреди Јунберг.

Клупскиот фудбал се враќа, а ти си навивач на Арсенал

По бескрајните квалификации за Европско првенство 2020 и Светско 2022, конечно фудбалот се враќа во редовна состојба. Ама не баш секој се радува на тој податок.

А сега одиме со казните пропишани во Арсенал

Таму на удар најмногу е Месут Озил бидејќи пола од казните се поврзани со него. Пази ова, ако седиш во автобус до Озил, ќе бидеш казнет од 1.000 фунти 😊))))).

Гранит Џака, капитенот на Арсенал, жестоко исвиркан од своите навивачи

Арсенал после 9 минути водеше 2-0 против Кристал Палас и наместо да го затвори мечот, им дозволи на гостите да израмнат. Откако го примија вториот гол, Унаи Емери реши да го извади Гранит Џака од игра, а овој дополнително ги изиритира навивачите кои го исвиркуваа поради слабата форма цела сезона. Во еден момент им вика: Fuck off, поради што би можел да остане без капитенска лента.

Чех со врвно хокеарско деби - одбрани пенал за победа

Легендарниот голман на Челси, Арсенал и чешката фудбалска репрезентација, Петр Чех го имаше своето деби во спортот кој го сакал уште од детството. Го чуваше голот на Гилдфорд Феникс и стана јунак на вечерта со спасен решавачки пенал за победа против Свиндон Вајлдкетс.

Петр Чех смени спорт, ќе игра хокеј во четврта англиска лига

Изминатово лето легендарниот чешки голман Петр Чех ја заврши фудбалската кариера и сега ќе се посвети на втората своја голема љубов од детството - хокејот.

Манчестер Јунајтед со Партизан, Арсенал против Ајнтрахт Франкфурт

По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.

Слика на која толку долго чекавме

Конечно после толку желби, мемиња, видеа и зезалици, дочекавме Давид Луиз во последниот ден од преодниот рок да потпише договор со Арсенал и да му се придружи на својот брат по природна коса, Матео Гендузи.

Брилијантен дриблинг на девојка од Арсенал

На Даниела ван де Донк и се пуштија две противнички една по друга и уште не се свесни што ги снајде, особено првата. Мозочето им го испи.

Кога сме веќе кај лажните вести во фудбалот

Николас Пепе е фудбалер кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска. Има 24 години и летниов трансфер преоден рок е најдолго зборуваното име. Игра за француски Лил, растура од голови и асистенции, а скоро треба да биде промовиран во Арсенал за брдо милиони. Да се вратиме на насловот.

Си знаеле они во Арсенал кој треба да ги брани уште од времето

Сејо, како што го викаат во Арсенал, на времето во Германија имал прекар „Тенк“. Јак како бик на теренот, а богами и надвор од него. А во еден квиз на тв каналот на Арсенал пред неколку месеци, Обамејанг и Месут Озил кажуваат кој би сакале да биде покрај нив ако се степаат со некого.

Озил нападнат од крадци со ножеви, Колашинац им скокна со голи раце

Од Лондон пристигнува неверојатно видео на кое се гледа како Месут Озил додека седи во својот џип е нападнат од вооружени крадци, а репрезентативецот на Босна и Херцеговина и бек на Арсенал, Сеад Колашинац со голи раце им се пушта на крадците кои биле на мотор.

Не за џабе викаат секогаш проверувај што потпишуваш

Стоперот Роб Холдинг веќе неколку сезони е во Арсенал. Важи за одличен дефанзивец, а тој летово е на подготовки со екипата во САД. Таму еден навивач на Тотенхем проба да му протне дрес од Спарс и да го намести, ама Роб го провали на време.

Додека викаа птичка, им влета омилениот фудбалер на Арсенал

Навивачи на Арсенал во Лос Анџелес прават заедничка фотографија и во еден момент им се уфрлува стандардниот десен бек на „топџиите“, шпанскиот репрезентативец Белерин.

Навивач на Арсенал за време на преодниов рок

Додека сите се журкаат со трансферите и вестите за нови засилувања, навивачите на Арсенал не можат поштено да се израдуваат.

Многу јака промоција на новиот дрес на Арсенал

Со одење на бербер, со типичен лондонски доручек, со акцент на тоа кој владее со северен Лондон итн. Во промотивното видео се сите ѕвезди на „топџиите“, од Озил и Обамејанг, до Лаказет и Алекс Ивоби.

Учете странски јазик, да не бидете дрво ко мене

Еден од подобрите фудбалери на лондонски Арсенал, Лукас Тореира признава дека секојдневието му било многу подобро во Италија каде играше за Самдпорија, отколку сега во Англија каде не зборува речиси со никој.

Јунак на финалето кој задрема

Разбираме и умор и долг пат и напорно гостување, ама да заспиеш на сред историско финале меѓу два гиганти од ист град?

Бар да знаевте да се тепате

Навивачи на Арсенал пијани или нервозни или пијани и нервозни што немаат освоено европски трофеј едно 25 години.

Арсенал во нокаут на лондонското финале во ЛЕ

За 23 минути игра во второто полувреме од финалето во Баку, Челси и Арсенал понудија богата серија на дури 5 погодоци од кои 4 завршија зад грбот на Петр Чех. Челси ја освои Лигата на Европа со головите на Азар, Педро и Жури. Еврогол на Ивоби за публика.

Последниот европски трофеј Арсенал го освои пред 25 години

Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.

Игуаин и Давид Луис се скараа на тренинг, Сари напушти бесен

Челси одржа скроз непосакуван тренинг на само 24 часа до единствениот меч кој може сезонава да им донесе трофеј.