Како секоја, така и оваа година, ќе има неколку кола англиски фудбал во рок од само неколку дена. Тренерите кукаат, играчите црекаат дека нема да бидат дома за најголемите празници, а навивачите газат километража на традиционалниот Боксинг деј.
Три меча во една недела се бесконечно патешествие. Има и клубови кои ќе им овозможат авионски карти на навивачите, но дали овие би се решиле за тоа или за стара школа со воз на гостување?
Daily Mail пресметал колкаво растојание ќе поминат навивачите во 3 кола (период од 26 декември до 2 јануари). Воглавном одат со коли по главните магистрали во земјата. Се пресметува растојанието од стадионот па до арената на противникот и обратно.
Имајќи ја предвид патната инфраструктура и брзиот меѓуградски сообраќај во Англија, патувањето ќе им биде комфорно.
- Во просек навивачите поминуваат по 490 км (304,6 милји) неделно - онолку колку што му треба на навивач на Њукасл да стигне до „Олд Трафорд“ и назад дома. Останатите два меча тимот на Стив Брус ги игра на свој терен. Во време на празнично расположение во градот, 490 километри може да им бидат и весели.
- Навивачите на Вест Хем исто имаа среќа. Нивниот клуб има 2 меча дома и гостување кај Кристал Палас, во Јужен Лондон (18 км во еден правец). Од својот стадион до оној на Кристал Палас и назад навивачите на Вест Хем ќе треба да поминат 36 километри што со кола, што со метро, што со автобус.
- Навивачите на Барнли ќе треба да поминат 165 километри за 3 кола: 2 меча играат дома и гостуваат кај Евертон.
- Од Топ4 клубовите најдобар распоред има Челси (227 километри, гостувања кај Арсенал и Брајтон) и Манчестер Сити (264 км, гостување до Вулверхемптон и назад). Ливерпул ќе гостува кај Лестер, ама после следните 2 кола ги игра дома. До Лестер и назад на КОП-от ќе му треба 392 километри пат.
- Токму Лестерци ќе имаат баш напорна недела. Навивачите на тимот предводен од Брендан Роџерс кој игра сјајна сезона, го пречекуваат Ливерпул ама затоа после одат во Лондон кај Вест Хем а од таму на северот од земјата во Њукасл. Општа должина на маршрутата која треба да ја поминат е 981 километар.
Километри кои навивачите на премиерлигашите треба да поминат во само неколку дена:
Лестер - 981 км
Борнмут - 776 км
Манчестер Јунајтед - 756 км
Астон Вила - 723 км
Кристал Палас - 715 км
Евертон - 675 км
Вулверхемптон - 664 км
Тотенхем - 654 км
Норвич - 563 км
Њукасл - 490 км
Вотфорд - 465 км
Ливерпул - 392 км
Арсенал - 375 км
Шефилд Јунајтед - 372 км
Брајтон - 268 км
Саутемптон - 250 км
Манчестер Сити - 246 км
Челси - 227 км
Барнли - 165 км
Вест Хем - 47 км