Лига Европа

Интер доаѓа во Бугарија, Јунајтед се падна со Клуб Бриж

По ЛШ, попладнево во Нион се одредија и паровите за 1/16 финалето на Лига Европа во кое се најдоа многу сериозни клубови кои ќе го направат овој турнир уште поинтересен во продолжение.

Паровите на ждрепката ги влечеа Жозефин Хенинг, поранешна германска фудбалска репрезентативка која играше за женските екипи на Арсенал, ПСЖ и Лион, како и двократниот освојувач на Лига Европа со Севиља, Фредерик Кануте кој даде гол и во двете финалиња.

ПАРОВИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ НА ЛИГА ЕВРОПА:

ВУЛВЕРХЕМПТОН - ЕСПАЊОЛ
СПОРТИНГ ЛИСАБОН - ИСТАНБУЛ БАШАКШЕХИР
ХЕТАФЕ - АЈАКС
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - ПОРТО
КОПЕНХАГЕН - СЕЛТИК
АПОЕЛ - БАЗЕЛ

КЛУЖ - СЕВИЉА
ОЛИМПИЈАКОС - АРСЕНАЛ
АЗ АЛКМАР - ЛАСК
КЛУБ БРИЖ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ЛУДОГОРЕЦ - ИНТЕР
ФРАНКФУРТ - САЛЦБУРГ
ШАХТЈОР - БЕНФИКА
ВОЛФСБУРГ - МАЛМЕ
РОМА - ГЕНТ
РЕНЏЕРС - БРАГА

Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат на 20 февруари 2020, а реваншите се на 27 февруари.

Финалето се игра на 27 мај на стадионот  „Енерга“ во полскиот град Гданск.

Исходот на ждрепката за 1/8 финале на Лига на шампиони тука.