Најжална вест во фудбалот минатата недела беше дека гледачите и навивачите веќе никогаш нема да ја гледаат маскотата на Арсенал, диносаурусот Ганерсурус.
Навивачите организирале и акција за собирање на средства со среќа да го вратат талисманот во клубот. Во еден момент собрале 11.000 фунти но тоа не било доволно за плати за човекот-маскота. На крајот самиот се понудил Месут Озил кој рекол дека ќе плаќа плата за маскотата.
„Искрено ми беше многу жал што Џери Ки, познат како нашата верна и предана маскота Ганерсаурус, неотуѓив дел од нашиот клуб, беше отпуштен после цели 27 години во клубот.
Спремен сум да му ја плаќам на Арсенал целата плата на нашиот голем зелен дечко се додека сум играч на Арсенал. Така Џери ќе може да се занимава со работата што најмногу ја сака“, напиша германскиот Турчин на Фејсбук и израдува милиони навивачи на Арсенал ширум светот.
... so Jerry can continue his job that he loves so much. ❤️🙏🏼#JusticeForGunnersaurus #M1Ö #YaGunnersYa
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) October 6, 2020
Твитот на Озил собра повеќе од 400.000 лајкови и повеќе од 100.000 споделувања, повеќе и од објавата за трансфер-бомбата - новиот играч Томас Парти кој дојде од Атлетико Мадрид за повеќе од 50 милиони евра.
Инаку маскотата Ганерсаурус беше отпуштена поради оптимизација на расходите. Во август Арсенал отпуштил 55 вработени во клубот со просечна плата од 35.000 фунти годишно, а меѓу нив и некои важни скаути кои со години се во клубот. Тоа е околу 10% од вкупниот број вработени во клубот - 590.
На Озил нема да му биде тешко да ја компензира платата на Џери: Месут заработува 350.000 фунти неделно и е еден од најскапо платените фудбалери на светот иако од март месец не играл воопшто за екипата. Неговиот договор со Арсенал истекува во 2021 година.
Во последно време неговиот однос со стручниот штаб и управата е тежок. Месут е еден од малкуте играчи кои не се согласија за намалување на платите за време на пандемија. Германецот признал дека се смета себеси во право затоа што клубот иако штедел на плати на играчите, отпуштал работници а една од гаранциите во преговорите со управата била да се сочуваат работни места.
„Сите сакавме да учествуваме во тоа. Но ни требаа повеќе информации, многу прашања останаа без одговор. Јас не бев против кратење, не бев против понижување ако такво нешто требаше, но само ако преговаравме. Се најдовме во ситуација без нормално објаснување“, рекол Озил пред неколку месеци.
Самиот Месут смета дека тоа што одбил кратење на плата влијаело на неговата позиција во клубот - после прекинот на Премиер лига поради глобалната пандемија тој не заигра во рестартот.
„Имавме право да знаеме каде ќе одат парите од кои се откажуваме. Тоа беше неправедно затоа јас одбив. Дома имам дете, имам одговорност пред семејството тука, во Турција и Германија, имам одговорност пред хуманитарните фондови“, рекол Озил и раскажал дека јавно ги поддржува фондовите за помош на бездомници во Лондон. Тој еднаш плати и за операција на едно дете.
Некои навивачи на Арсенал уште не можат да му го простат односот кон клубот каде тој воопшто не чуствува потреба да се тргне од место и да заигра како што треба.