Таг: Аргентина

Кога Марадона за Светско 1994 се спремал на селска ливада

Додека репрезентацијата на Аргентина тренирала во својата база, Диего решава да се пушти на една селска ливада и таму да набива кондиција за Мундијалот во САД 1994.

Пијана работа, батка

Пред почетокот на пријателската меѓу Германија и Аргентина во Дортмунд, по интонирање на химните играчите застанаа во круг на центарот за да оддадат едноминутен молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Хале. Некој во тој момент ја пеел химната на глас, а некој друг му се издрал: „Halt die Fresse!“ (Затни ја муцката!).

Водеше навивање со папагал на раме

За време на мечот Аргентинос Хуниорс - Арсенал Саранди (2-1), водачот на домашните навивачи водеше навивање со најверниот другар.

Ветеранот Луис Скола сам ја прегази Франција

Со 39 години, Луис Скола постигна неверојатни 28 поени и имаше 13 скока и 2 асистенции за импресивен триумф на Аргентина против Франција 80:66, во полуфиналето на Светското првенство. Сам се бореше против далеку помлади гиганти и поспремни атлети од него. Аргентинците во недела (14:00) ќе играат против Шпанија во големото финале за златниот пехар.

Зошто чаламот никогаш никому не донел добро

По старата добра „прво скокни па кажи оп“. Србите имаа 12 победи на 12 пријателски средби пред Светското првенство. Во составот го имаа најдобриот центар во НБА за минатата сезона, репрезентација која е европски, светски и олимпицки вицешампион. И тргна возот на курчот. Ама на крај „оде воз у кукуруз“.

Кампацо докторски

Аргентинците на убедлив начин ја победија Србија 97-87 и се пласираа во големото полуфинале каде ќе ги чека или САД или Франција. Факундо Кампацо и ветеранот Скола одиграа маестрална партија за „гаучосите“.

Најдобриот документарец за Марадона после кој ретко кој може да се соземе

Режисерот на оваа документарка цели 10 години собирал видео-материјали од сите страни на светот. Правел сложувалка која на крајот даде еден преубав филм со тажен крај. Диегито може да се доживее најдобро преку овој документарец.

Дибала, малер ли му правеше на Видал?

Кога Артуро се залета да го шутира пеналот во 59’ минута од мечот за третото место на Копа Америка меѓу Аргентина и Чиле (2:1), Пауло Дибала од позадина му викна „Кирикочо“, термин кој во Аргентина се употребува „за да искобиш некого“.

Фото на денот

Додека Бразилците го славеа 11-от трофеј од последната шампионска титула на Аргентина во 1993-та година, јавноста повеќе ја интересираше отворениот говор на Меси кој распали дека КОНМЕБОЛ е чисто мито и корупција и дека се правело се Бразил како домаќин да ја освои Копа. Кариоките му одговорија.

Меси многу чудно го доби вториот црвен картон во кариерата

Во мечот за 3 место и бронза на Копа Америка, Аргентина го победи Чиле со 2-1, но мечот остана во сенка на исклучувањето на Меси кој мирен каков што секогаш е на теренот, налета на најголемиот дибек во јужно-американскиот фудбал и пошироко, Гари Медел.

Обезбедувањето на претседателот на Бразил криво што судијата не гледал ВАР

Аргентинците уште не можат да го преболат поразот од вечниот ривал Бразил, но за едно се сигурно во право: главниот судија на мечот мораше да погледне видео повторување на две многу спорни ситуации.

20 години од денот кога Мартин Палермо промаши три пенали на 1 натпревар

Во Гинисовата книга на рекорди има тотално неверојатни подвизи, а она што му се случи на легендарниот аргентински шпиц во 1999-та година ќе се раскажува од колено на колено.

Маестралните дриблинзи на Меси

Како што одминуваше Копа Америка, Лионел ја крена својата форма, но кога најмногу му требаше поддршка од соиграчите, таа изостана. Против Бразил се обидуваше, ја земаше топката на 25 метри од својот гол со цел да им покаже на дрвцата како се прави тоа, но сам не можеше нормално.

Ова што го прави Дани Алвеш на 36 години не е нормално

Ветеранот игра втора младост. Со капитенска лента околу раката го предводи Бразил чија химна синоќа со Аргентина ја пееше на цел глас да се наежи човек. А со топка во 19’ минута направи дар-мар меѓу гаучосите и со поглед во друга страна го проигра Фирмино кој асистираше до Габриел Џесус.

Фото на денот

Да е здраво и живо, па да го видиме на истото место за дваесетина години. Бебето-навивач на Бока коешто го фасцинира светот со реакцијата откако влегло на трибините на легендарната „Бомбонера“ во Буенос Аирес.

Што е работава со Аргентина?

Сменија селектор, ги собраa најдобрите можни играчи како на Светското лани и пак не можат да се оправат. Синоќа спасија жива глава со Парагвај и сега Аргентина не зависи само од свој резултат.

Одговор на прашањето што бараат Катар и Јапонија на Копа Америка

Во тек е најстариот турнир за репрезентации на свет - Копа Америка 2019, издание кое летово се игра во Бразил и каде дојдоа две селекции кои како да бодат очи кога ќе се спомене Јужна Америка а тие не се од таму.

Како ќе изгледаат Меси и обновените гаучоси на Копа Америка

Цели 26 години Аргентина чека на трофејот од Копа Америка. Нацијата сонува како Меси го крева толку посакуваниот пехар. Со подновен состав ќе го напаѓаат тронот.

Водич во најголемиот фудбалски турнир летово - Копа Америка 2019

Ако планиравте да одморите од фудбал после финалето на Лига на шампиони, сте се зафркнале. Во петок према сабота почнува Копа Америка - турнирот за најдобрите селекции од Јужна Америка каде се живее за фудбал.

Бидна и тоа, Меси го освои првиот трофеј со Аргентина - „Купот Сан Хуан“

Доволна причина мајтапџиите по Твитер и Фејсбук да тераат марифетлуци со проџваканата тема зошто Меси никогаш нема ништо освоено со репрезентација.

Меси, луѓево фамилии имаат

Во генералката пред стартот на Копа Америка 2019 која што се игра во Бразил, репрезентацијата на Аргентина имаше полесен тренинг против селекцијата на Никарагва и победи со 5:1. Меси и Лаутаро дадоа по два гола а еден Переира. Она што им го правеше Лионел не е хумано.

Најлудите 45 секунди во аргентинскиот фудбал сезонава

Алмагро и Централ Кордоба го играа реваншот од полуфиналето на баражот за пласман во повисок ранг. Ваква кланица со волку стартови нема ни во ММА борбите. Судијата подели пар црвени картони и едвај ги смири фудбалерите. На крај Алмагро одново победи 2-1 како и на првиот меч и ќе игра во финалето на плејофот против Сармиенто.

Син му го прашувал Меси зошто толку го напаѓаат во Аргентина, стигна одговор

Во ситуација кога на своето дете не знаете како точно да му објасните за што станува збор, целата работа ја преземаат неговите врсници. И добро ја завршуваат. Барем во случајов со син му на Лионел.

Го ископал черепот на дедо му, за заедно да прослават титула

Фудбалот во Аргентина е религија. Таму е сосема нормално човек да уплати за услуга фрлање на пепелта по својата смрт, на омилениот терен и стадион. Нека не ве чуди ни ова што го направил овој фрик, навивач на Расинг Клуб.