Во април годинава Карлос Тевез настапи многу моќно и изјави дека е спремен да доставува храна за погодените од вирусот во Аргентина.
„Фудбалер може да преживее шест месеци или година дена без плата. Фудбалерите не живеат во очај, за разлика од луѓето кои ден за ден излегуваат од дома во шест наутро и се враќаат во седум вечер, за да го прехранат семејството.
Во ситуацијава ние не сме пример. И во други ситуации. Ние мора да помагаме со храна. Лесно е да збориш од дома кога знаеш дека твоите деца имаат за јадење. Но има луѓе во очај кои не можат да излегуваат од дома. А кога излегуваат може да ги стават во затвор. Тоа вознемирува. Државата се труди исправно да постапува. Ние мора да бидеме поблиску до луѓето од барио (најбедните аргентински реони)“, рече тогаш Карлитос, миленикот на навивачите на Бока.
Сега Тевез кажаното го потврди со дела. Тој соопшти дека го продолжил договорот со Бока но цела плата плус премиите ќе ги дава во хуманитарни фонови.
„Добив понуда за нов договор но со неколку корекции. Договорот ќе важи до декември а после ќе видиме. Ќе жртвувам се за некомерцијални организации, за луѓе на кои им треба вакцина. Има многу луѓе кои страдаат од пандемијата а кои немаат работи ни храна. Во овие шест месеци нема да добивам никакви пари“, рекол Карлос Тевез во интервју за La Red.
Легендарниот напаѓач кој играше уште и за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај Шенхуа вели дека во Аргентина сега не е дојдено до фудбал.
„Не може да бараме фудбал во ваква ситуација. Има луѓе кои умираат. Тешко е да се мисли на враќање на фудбалот, не смее да бидеме себични. Со семејството решивме да го жртвуваме цел договор кој ми го понуди Бока а после да видиме како ќе се чувствувам. Тоа е најдобра варијанта за Бока и за мене, а уште и добро ќе направиме за луѓето. Сакам да продолжам, сакам макар уште еднаш да играм во Копа Либертадорес“, констатирал напаѓачот.
И покрај тоа што Тевез мислел да остане само на пола година, во клубот сакаат договор на една година со можност да се продолжи на плус дополнителни шест месеци.
Според информациите на аргентинските медиуми, Хуан Роман Рикелме кој е потпретседател на Бока, го убедил Тевез да остане на година ипол. Договорот уште не е постигнат но се очекува да се потпише во следните денови. Во Аргентина Тевез не би играл на друго место, но оставил простор кариерата да ја заврши во некој од своите поранешни клубови Вест Хем или Коринтијанс.