Таг: Англија

Фатих Терим со мобилен докажуваше офсајд

Во пресрет на Европското првенство, Англија и Турција одиграа пријателска средба. Англичаните победија 2:1, со головите на Кејн и Варди. Првиот погодок беше спорен поради офсајд, за кој турскиот селектор покажуваше преку мобилен.

Џабе се извинуваш, штетата на Олд Трафорд е направена

Директорот на компанијата која што ја заборавила „бомбата“ ја признал грешката за тоталното фијаско на Олд Трафорд, само нејасно е сега кој ќе ги сноси настанатите трошоци.

Тотенхем во 2017/2018 ќе игра на Вембли

Тимот од Вајт Харт Лејн месецов и официјално ќе објави детали од договорот со Фудбалската асоцијација на Англија за користење на стадионот Вембли за домашните средби во сезоната 2017/2018.

Сер Клаудио Раниери

На една од редовните средби, новинарите го прашаа италијанскиот стратег што мисли за титулата Сер, која што веќе ја имаат Фергусон и Боби Чарлтон.

Иднината на најсилните осум фудбалски репрезентации

Паузата во клупскиот фудбал за време на која гледаме репрезентативен е можност да видиме со каква младина располагаат водечките селекции во светот или поточно кои се играчите од кои се очекува да го понесат најголемиот товар.

Будистичките монаси кои навиваат за Лестер

Лестер и натаму љубоморно го чува врвот на Премиер лигата, а нивниот успех збунува многумина во светот на фудбалот, по што еден будистички монах открил една од состојките на фантастичните резултати.

Ако секој си навива за клубот кој му е најблиску

Или поточно кој клуб би имал најмногу навивачи во Англија доколку секој си навива за клубот кој му е најблиску. Резултатите не извадија ниту еден клуб од Премиер лига меѓу првите четири екипи. Првите три екипи се вторлигаши, а четвртата е од четврта лига.

Е мој судија

Енди Вулмер, еден од подобрите англиски судии сосема случајно со пета отвори контра за Виган кој во истата акција постигна гол против Шефилд Јунајтед. Мечот заврши 3-3, така што штетата на Вулмер (17-та секунда) помина со помалку притужби.

Поплавени стадиони во Англија и Шкотска

Поради големите поплави во северна Англија, 10.000 луѓе од реонот и неколку места од Шкотска останале без струја и вода. Поради излевањето на двете реки, стадионот на нисколигашот Карлајл целиот бил под вода, а играчите и стручниот штаб на тимот решиле да им помогнат на жителите од градот.

Првиот меѓународен фудбалски натпревар

4.000 луѓе платиле по еден шилинг и не виделе ниту еден гол на мечот кој е запишан како прв меѓународен фудбалски натпревар од страна на ФИФА.

Што ѝ направи Сан Марино на Англија за 8 секунди?

За да се пласираат на СП 1994, Англичаните требаше на гостувањето против малата земја да победат со седум голови разлика за да бидат подобри во гол разликата од Холандија. Гордиот Албион успеа да постигне 7 погодоци, но го прими најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светските првенства и остана дома. 

150 жртви во терористички напади во Париз, тројца во близина на Стад де Франс

Експлозии и пукотници се забележани на седум места во главниот француски град, а за момент беше прекинат и пријателскиот меч меѓу Франција и Германија, каде се слушна силна експлозија.

Најнов кандидат за наградата Ференц Пушкаш

Дефанзивецот на Виљареал, Марио Гаспар долго ќе го памети својот втор настап за репрезентација. Шпанија вечерва триумфираше 2:0 на пријателски дуел против Англија, а вакво ремек дело богами одамна немаме видено. 

Последниот меч меѓу Англија и Југославија

На денешен ден во 1987 година, селекцијата на Југославија во Белград пред 70.000 гледачи ја пропушти последната шанса да се прости од Европските првенства пред да се распадне. Проблемот беше што во првите 25 минути прими четири гола.

Слатки беа тие 2:2 против Англија

Во период кога сè е црно во македонскиот фудбал, за убави вести ни преостанува да тропнеме на врата на рубриката „На денешен ден“ и да се навратиме на херојскиот подвиг на Седлоски, Васоски, Шаќири и компанија кои направија Англија да брка нерешено против нас.

Најголемите англиски дерби средби

Автентичниот англиски фудбал со полни стадиони и фантастична атмосфера последниве години го заменија арапските и руските милијардери, како и строгите закони и репресија над навивачите. Сепак, некои дерби дуели и натаму го чуваат она вистинското.

Евроголови во режија на жени

Светското фудбалско првенство за жени во Канада заврши со триумф на САД против Јапонија од 5:2. Наградата за најдобар стрелец ја добија Чарли Лојд (најдобра на првенството) и Целија Шашиќ од Германија со по 6 голови. Следниот Мундијал за жени се игра во Франција за четири години.

Ефектен автогол во полуфинале на Светско

На Мундијалот за жени во Канада, селекцијата на Јапонија се пласираше во финалето откако ја совладаа Англија 2-1 со автогол во 92. минута од мечот.

Патувањето на Англичаните од 130 метри

Глупавото правило на УЕФА дека секоја селекција која игра официјален меч треба да патува од хотел до стадион без разлика на раздалеченоста, ги натера Англичаните да се качат на автобус за пат кој се поминува пешки за 76 секунди. Новинар од Индепендет им го сними патешествието долго 130 метри.

Не правете бранови, гостиве не стануваат

Италија и Англија ремизираа 1-1 во пријателскиот натпревар вчера во Торино. Во еден моменот од средбата, Италијанците правеа бранови, ама од гостинскиот сектор добија само среден прст. Ние немаме публика ни за ова.

Непосакуваниот споменик на Англија доби газда

Местото на кое се впишани сите порази на англиската фудбалска репрезентација е продадено на аукција.

Англија ќе биде Светски шампион во Катар 2022

Првиот човек на Премиер лигата е разочаран што УЕФА се сложи со ФИФА дека Мундијалот во Катар е најдобро да се игра во зима. Ако тоа го поремети календарот во англиското првенство, за возврат на нацијата може да им ја донесе најголемата фудбалска радост. Еве зошто.

Испеј ја химната како малиот Хари

На социјалните мрежи како вирус се шири видеото на кое малиот Хари стои покрај рагбистите на Англија и јуначки ја пее химната God Save the Queen.

Руни прави ѕвездa само против Шкотска

Пред 14 години, Вејн Руни им даде гол на Шкотите кога играше за селекцијата на Англија под 16 години. Викендов пак даде гол против Шкотска и прославата на голот му беше иста. За Манчестер Јунајтед, никогаш не славел гол на тој начин, а по мечот изјави дека тоа го направил поради син му, кој сака татко му да прави салта и ѕвезди.