Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед ниту сакал некој да го рокне во воздух, ниту бил цел на терористички напад. Се работи за сомнителен пакет со бомба кој бил ставен во тоалетот на стадионот Олд Трафорд, а го заборавила агенција за обезбедување која претходно вршела вежба со кучиња.
Откако направата бебе забележана полицијата и редарските служби веднаш побараа публиката да го напушти стадионот, а експертите за откривање експлозивни направи утврдиле дека тоа било имитација на бомба како дел од вежбите која само личена на вистинска.
Градоначалникот на Манчестер е шокиран што клубот сè уште не им се извинил на навивачите за претрпениот стрес, а анонимен извор од клубот изјавил дека тој што го заборавил сомнителниот пакет треба да добие клоци.
Лажната тревога на Олд Трафорд, на Манчестер Јунајтед му направи финансиска штета од 3 милиони фунти бидејќи тие ќе мора да им ги вратат парите на навивачите кои купиле карти, а потоа за мечот кој е презакажан за вторник да им подели гратис влезница. Гостинските навивачи нема да бидат обештетени за превоз и сместување.
Пред стартот на вчерашниот меч меѓу Манчестер и Бурнемут околу 76.000 навивачи добија наредба да го напуштат Олд Трафорд, а тие веднаш си заминаа и во брзање ги оставаа своите ташни на стадион.
За овој натпревар допатува навивач од Сиера Леоне кој од малер стана среќник. Кога навивачите на Манчестер Јунајтед слушнаа од каде доаѓа тие не само што ќе му платат сместување за да остане до утре да го гледа мечот против Бурнемут, туку тоа го сториле за до сабота кога се игра финалето од ФА Купот меѓу Јунајтед и Кристал Палас. Мојсеј ќе добие гратис карта и за тој меч, како и платен авионски билет од навивачите.