Следната сезона која почнува во август ќе биде последна која што Спарси ќе ја играат на легендарниот Вајт Харт Лејн, затоа што ќе започне изградба на новиот, ултра модерен стадион вреден 400 милиони фунти кој ќе собира 61.000 седишта.
Вембли и Стадионот МК каде што игра МК Донс во Лондон биле две опции за домашните натпревари на Тотенхем, но управата на клубот решила прв избор да биде собирното место на англиската фудбалска репрезентација - Вембли. Градбата на новиот стадион на истото место каде сега е Лејн, ќе значи и намалување на капацитетот на стадионот за следната сезона на 4.000 седишта и ќе има 32.000 гледачи.
Од таа причина Тотенхем најави дека ја разгледуваат можноста да играат Лига на шампиони на Вембли следната сезона. Челси исто така пројавил интерес да го користи Вембли додека Стемфорд Бриџ се проширува, но нивните планови не се толку напреднати како на Спарс.
Вака треба да изгледа новиот стадион на Тотенхем:
Во меѓувреме, сопствениците на Вест Хем побараа од своите навивачи да не влегуваат на теренот на стадионот Болејн Граунд по завршувањето на последното коло сезонава. Како и Тотенхем, така и Вест Хем планира да го заврши 112-годишниот претој на легендарниот Аптон Парк, затоа што летово ќе се преселат на Олимпискиот стадион каде што ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед во вторник вечер на 10. мај.
Вест Хем планира пригодна манифестација за сите поранешни легенди на клубот кои се поканети на последниот меч на „Чеканите" во нивниот дом Болејн Граунд.