Во ера на модерен фудбал кога се трошат вртоглави милијарди, постојат и некои вредности кои траат вечно. За разлика од нивниот градски ривал кој се бања во милионите од арапските шеици, Манчестер Јунајтед не отстапува од традицијата и верно се држи до неа.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
Заедно беа дел од епските моменти на клубот вкупно 9 сезони во кои освоија 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лига и една ЛШ. Шмајхел си замина во 1999-та за да се проба во Спортинг, а потоа се врати во Англија, прво во Астон Вила, а потоа кариерата ја заврши во Манчестер, ама во Сити, не Јунајтед.
За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.
Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.
Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение.
Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат.
30 јули 2019 година ќе се памети засекогаш во семејството Солскјер. На тој ден Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар дојде во родната земја на својот тренер Норвешка и одигра пријателска против Кристиансунд (1:0).
По турнејата во Азија каде Јунајтед играше ревијални пријателски натпревари против Интер (1-0) и Тотенхем (2-1), „црвените ѓаволи“ вечерва играат во Осло пријателска против тамошниот прволигаш Кристијансун.
Во овие набиени празнични денови ни кидна една многу важна вест која ептен имаме ќеиф да ја објавиме. Се шегуваа со него, ама дечкото си направи кариера за почит. Клубот му се викаше Манчестер Јунајтед, а тренерот Сер Алекс Фергусон. 10 години – 14 трофеи. Фала многу пријатно.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.
Иако сите го отпишаа Манчестер кој после поразот од 0-2 дома, без пола екипа отпатува на реванш со ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа 1-3 со гол од пенал по преглеудвање ВАР во 92’ минута и одат понатаму!
Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.
Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.