По 20 годишна успешна кариера за фалење, копачките на клинец ќе ги закачи Џон О`Ши. Можеби и сте се смешкале на негова сметка затоа што тогаш најголем углед во одбраната на Јунајтед имаа Фердинанд, Видиќ, Невил, а О`Ши сте го сметале за играч од втор ешалон чисто колку да пополни место.
Ама Ферги немаше такви. Мораше да се испотиш и да се докажеш за да заслужиш место во прв тим, а Џон беше еден од тие. Плус беше универзален играч кој стариот лисец го користеше и во напад и во средина, а знаеше и да се уфрли и во напад каде има партиципирано со 15 гола.
A fabulous playing career is coming to a close – today, on his 38th birthday, John O’Shea has announced he is to retire at the end of the season. pic.twitter.com/Pmlu3b9xXx
— Reading FC (@ReadingFC) April 30, 2019
Ирскиот репрезентативец кој имаше 118 настапи за својата земја гордо го носеше дресот на Манчестер Јунајтед 10 сезони, а го земаа на 17 години. Фактите говорат: 5 титули Премиер лига, 1 ФА Куп, 2 Лига Купови, 4 Комјунити Шилдс, 1 ЛШ и 1 Светско клупско првенство. Па што сакате повеќе?
Требаше стварно да те бива за да направиш кариера во тимот на Фергусон особено во најубавите денови на Јунајтед, а Џон O`Ши го биваше за многу работи.
Му даде мајсторски гол на Арсенал ала Кристијано Роналдо
Го реши Ливерпул на Енфилд во 90-та минута
Го дриблаше Фиго
А знаеше и да брани во ситуација кога Ван Дер Сар мораше да излезе поради повреда при три направени измени
Ако после заминувањето од Олд Трафорд му го загубивте трагот да знаете дека играше уште 7 сезони во Сандерленд, а оваа ја одигра во Ридинг во Чемпионшип лигата.