Со тим од 250 милиони не можеа голот да го погодат против Аз Алкмар

Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.

На 6 март годинава, Манчестер Јунајтед направи изненадување во Париз каде по поразот од 0:2 дома, го елиминираше ПСЖ во осминафиналето од ЛШ со триумф од 1:3.

Од тогаш на гости се толку бедни, што човек ќе помисли дека се работи за Хадерсфилд, а не за поранешниот европски првак.

После тоа гостување на Паркот на Принцовите, Јунајтед има катастрофална серија од 10 натпревари без победа на гости или скор од 4 порази и 6 нерешени. Такво нешто последен пат им се случило во 1989-та.

И на само на гости. Од тој дуел во ЛШ тие до сега тие држат севкупна мизерна форма од САМО 5 победи на 22 средби. Ете затоа заслужуваат споредби со екипи како Хадерсфилд.

Статистичарите им го пресметале и следново: Со ваква форма тие би испаднале четири пати во последниве 24 сезони и девет пати би завршиле 17-ти.

Ова со насловот не е заебанција, иако за клуб со такво реноме изгледа неверојатно.

Манчестер Јунајтед синоќа за прв пат во историјата не успеале да имаат шут во рамки на гол. Дно.

Па подобро некој да му ја подал на голманот, чисто колку да им се брои еден, отколку да стигнат до една ваква мизерија.

4 октомври 2019 - 12:41