Уште една водителка со строг глас и доза на неодобрување ќе го претстави Џордан Питерсон пред народ и ќе проба да се разбере со него како што нејзе ѝ одговара.
Како и сите корпорации, и Нетфликс е освестен. Во 2018 на пример, отпушти еден директор затоа што го изустил навредливиот збор на Н, иако го кажал дескриптивно при дискусија за навредливи зборови за црнците.
Една од поинтересните работи на оваа тема е што (ако збориме за нормални луѓе, нели) „најстрашното“ во додворувањето - одбивањето на мажите - е сведено на нула. Не го гледаат, скриено им е и комуницираат исклучиво со тие што не ги одбиваат.
Што, мислите дека конечно научивме што е burnout и дека тоа ни е, прегорени сме? Демоде е тоа. Токсична продуктивност е новото. И како најнова дефиниција за изнудувањата на капитализмот стварно има смисла и се совпаѓа со многу индивидуални ситуации во моментов.
2021 ќе биде фина година за хорор-жанрот и добра вест за фановите е што имаат што да чекаат. Доаѓа Candyman на Џордан Пил, па Last Night in Soho, па продолженија на Halloween и Conjuring…
Кај е Питерсон - таму се и погрешните интерпретации на неговите публикации. Последна што понуди памет на темата (и потфрли најтрапаво) е Хелен Луис за Њу Стејтсмен, која, во (којзнае кој по ред) обид да го разобличи, ги искористи безбедните зборови „млади бели мажи” и со тоа ги омаловажи неговите следачи.
Во борбата за еднакви права, тешкото е да се признае дека без разлика што мажите и жените заслужуваат еднакви можности - не значи дека ќе ги искористат. И уште една работа за соочување: не сме исти. Значи ли тоа дека биологијата и еволуцијата се мизогинистички науки и треба да се плукаат на Твитер? Ха.