Што вика Џордан Питерсон за Тиндер?

Една од поинтересните работи на оваа тема е што (ако збориме за нормални луѓе, нели) „најстрашното“ во додворувањето - одбивањето на мажите - е сведено на нула. Не го гледаат, скриено им е и комуницираат исклучиво со тие што не ги одбиваат.

Технологијата во денешно време е отидена толку далеку што ни има помогнато во речиси секој аспект од нашите секојдневни животи. Еден од тие аспекти е што денес можеме да најдеме партнер преку апликации како Тиндер, што сега е една од најпопуларните апликации за речиси секој миленијалец.

Иако ова е револуција во светот на врските и им има помогнато на многумина, особено во овие напорни времиња, Др. Питерсон доаѓа да расипе и да каже дека овој тип на дејтинг има многу повеќе негативни страни отколку што ни се чини.

Во основа, кажува дека вистинската романтика пропаѓа со сѐ поголемата популарност на онлајн врските.

Една од идеите што на некои може да им се види проблематична, особено во денешно време кога сме повторно блиску до (барем декларативно) неосудување на free love е колку тоа на жените им се исплати да ја сведат вредноста на сексот на нула. Бидејќи, како што размислува Питерсон, колкава и да е вредноста на сексот, нула сигурно не е добра цена.

22 септември 2021 - 08:43