Наместо истрага што тесно ќе се фокусира на криминално однесување, решението на прашањата околу Трамп и неговите соработници е составување на независна комисија, пишува уредникот на Атлантик, Дејвид Фрум.
Тоа е човекот кого медиумите го идентификуваа како оној кој ја договорил средбата на синот на Трамп со адвокати блиски на Путин околу материјал за Хилари кој на Трамп би можел да му биде корисен во изборите. Емин има 37 години. Поп пејач е ама и син на еден од најбогатите Руси. Татко му го викаат „Рускиот Доналд Трамп“.
Откако разузнавачките служби испорачаа материјали според кои спроведена е тајна руска операција чија цел е да Трамп да биде избран за претседател на САД, сега има сомнеж дека американските власти имаат капацитет да спроведат независна истрага околу наодите.
Во посетата која ќе се памети по антологиската фотографија на нелагодност, Трамп и Папата по протокол разменија и неколку подароци, без разлика колку никој од нив него сакаше тоа.
Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.
Луѓето што без навивање го следеа Трамп за време на кампањата забележаа дека тоа што човекот масовно произведува скандали оди само во негова корист, затоа што никој не може да го пофати што излажал, а што не. Не дека тоа што станал претседател сменило нешто кај него, намерно или ненамерно.
Чарлс Мекгониал додека се уште бил на плата и под значка на ФБИ земал 225.000 долари во кеш од албански разузнавач, а откако се пензионирал од ФБИ почнал да работи и за рускиот олигарх Олег Дерипаска.
„Трамп ќе биде неправедно обвинет за катастрофата“ вели гуруто на американските либертаријанци Рон Пол кој предупредува дека САД и светот се пред уште една, досега најголема финансиска криза која е имплантирана уште во претходната.
Пораката е од Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина, а денес генерален директор на Светската програма за храна на Обединетите Нации, според кого тоа што моментално се случува во делови од Африка не се "лажни вести, туку реалност".