- По новиот грчки закон кој ја регулира интелектуалната сопственост, предвидени се казни за пристап до нелегално набавени содржини како што се пиратските IPTV срвиси.
- Казните почнуваат со 750 евра а во случај на комерцијална употреба, најниската казна е 5.000 евра. Во случај на повторени прекршоци, казните се дуплираат, на 1.500 односно 10.000 евра.
- Министерката за култура се надева дека со овој чекор ќе се надополнат постојните мерки за блокирање на пиратски интернет страници и сервиси.
- Практично е невозможно човек да биде фатен дека гледа пиратски IPTV, но можно е тој да биде откриен ако „падне“ провајдерот на сервисот па се дојде до податоците за неговите корисници.