Во супер дербито на вечерта Бостон Селтикс со 121-118 го совлада Голден Стејт Вориорс. Стеф Кари постигна 29 поени со 7 асистенции и 4 скока, а момент на мечот беше последната секунда од првиот дел кога погоди неверојатен шут од преку пола терен.
Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.
Голден Стејт Вориорс ја запиша и втората победа од почеток на новата сезона во НБА. Воините го совладаа Хјустон Рокетс 105:96 а Стеф Кари издоминира со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. И со еден дриблинг врз најнезгодниот дефанзивец во лигата кој важи и за многу иритантен за ривалите.
Голден Стејт Вориорс објавија видео на кое се гледа како Стеф Кари е влезен во шутерски ритам на тренинг и не промашува цели пет минути. Најупорните тврдат дека изброиле 103 погодени шута.
Одбраната што Селтикс ја одиграа над најдобриот НБА шутер на сите времиња наликуваше на легендарниот фластер кој Тајрон Лу го имаше врз Алан Ајверсон во големото финале во 2011.
Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс во Јапонија се подготвува за стартот на новата сезона. Таму воините ќе одиграат две пријателски против Вашингтон Визардс. Посетата на Јапонија е и запознавање со локалната култура, традиција и обичаи па така најдобрите играчи на Вориорс, Стеф Кари и Клеј Томпсон се пробаа со еден сумо борач. Не можеа да го помрднат од место.
Стеф Кари е на заслужен одмор откако со своите Вориорс во големото НБА финале го урнаа Бостон Селтикс и ја освоија титулата. Кари каде и да се најде е опкружен од навивачи кои сакаат да се сликаат со него. 20-годишниот Мејсон Барбер морал душа да извади со 30 склека за да добие автограм од лидерот на НБА шампионот.
Во уште една голема битка, Никола Јокиќ излезе како победник. Шампионот Денвер Нагетс со 108:105 го победи повеќекратниот првак Голден Стејт и сега има фантастичен учинок од 8 победи и 1 пораз.
И кога пола екипа беше десеткувана и мораше без својата втора половина од Сплеш браќата, и кога Вориорс паѓаа во ритам во текот на сезоната па мораше да се држат на место кое води во плејофот, капитенот ги водеше. Во плејофот ги нижеше Нагетс, Гризлис и Маверикс за да на крајот му го земе скалпот и на Бостон Селтикс. И тоа среде „ТД Гарден“ на гостински паркет.
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс одигра уште една блескава партија, овојпат против Мемфис во плејофот и ги однесе воините на 3-1 во серијата. Кари на овој меч ја постигна и јубилејната 500. тројка во плејоф кариерата со што е апсолутен лидер на оваа табела во плејоф натпревари.
Најдобриот кошаркар на Далас одново беше јунак на вечерта, откако во големиот триумф над Голден Стејт Вориорс 122:113 постигна 41 поен со 10 скокови и 9 асистенции. Му фалеше само една асистенција за нов овосезонски трипл-дабл. Маверикс ја запишаа третата победа по ред со која го зацементираа местото кое води во плејофот, а Вориорс претрпеа трет пораз по ред.
Феникс Санс убедливо го совлада шампионот Голден Стејт во дербито на колото во НБА. Интересно, најдобриот играч во лигата и МВП на минатосезонското финале, Стефон Кари промаши слободно фрлање после 22 погодени по ред.
Најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари кој е рекордер по бројот на постигнати тројки во НБА, имаше страшна серија од 232 натпревари по ред на кои постигнувал макар по една тројка. Ова е апсолутен рекорд во историјата на кошарката и општо во НБА лигата.
Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.
Во НБА гори. Започна конференциското финале на Истокот, Мајами го доби првиот меч во серијата со Бостон Селтикс 118-107. Во другото полуфинале ќе играат Далас и Дончиќ против Голден Стејт Вориорс на Стеф Кари.
Спектакуларниот Ол Стар во Кливленд на кој царуваше Стеф Кари со 16 тројки и вкупно 50 поени, беше зачинет на полувреме со голема јубилејна претстава со најголемите. На една бина се појавија од 27 годишниот Јанис Антетокумбо, па се до 89 годишниот Боб Петит, прв во историјата со 20.000 поени.
Како што Дуци феноменално гради карактери а Стеф Кери маестрално гаѓа тројки, така оваа наша девојка феноменално и маестрално гради изговори и гаѓа акценти. Не знаеш во што е повешта, кога зборува англиски (од странци) или македонски (од странци).
Во неверојатно ефикасна вечер во НБА, Карл-Ентони Таунс го разби Сан Антонио Спарс со 60 поени, 17 скока и 3 асистенции. Неговите Тимбервулвс славеа 149-139. Во истата вечер Трае Јанг уфрли 46 поени а Стеф Кари 47 поени на неговиот 34 роденден во победата на Голден Стејт Вориорс над Вашингтон 126-112.
Пред почетокот на третиот меч од големото финале на НБА меѓу Бостон и Голден Стејт, гостите од Сан Франциско се пожалиле дека едниот кош бил повисок од другиот. Одлична им била забелешката зошто при мерењето се покажало дека едниот кош во „ТД Гарден“ стварно бил за 5 сантиметри повисок.
Кошаркарите на Бостон Селтикс му зададоа нов удар на Голден Стејт Вориорс. Победија 116:100 во третиот меч од големото НБА финале и поведоа со 2-1 во серијата.
Бојан Богдановиќ, лидерот на Јута Џез игра сезона од соништата. Хрватскиот репрезентативец во триумфот на „џезерите“ над Оклахома Сити 116:103 постигна 35 поени од кои дури 33 беа од шут за три поени.