После пет години од смртта на Оливер Драгоевиќ, неговото семејство реши да објави една од неговите необјавени музички нумери, како вовед во албумот што ќе следува есенва.
Голема, голема будала. Можеме да замислиме како би завршила сцената кога Оливер Рид би ги седнал во својот омилен паб (онаму каде што уште го пуштаат да влезе) оној дечко кој го глумеше Хари Потер, некој од оние кои го глумеа Спајдермен или кој било од денешниот шпил машки актерски ѕвезди. Се шалиме, не можеме да замислиме.
Галамата околу оваа оценка на американскиот режисер не стивна ни кога Оливер Стон објасни дека му имаат извадено стара изјава која ја дал пред да излезе филмот. Попат Стон јако го запердаши и Џон Вик на Киану Ривс. А медиумите кои се гледаат како чувари на холивудските икони, оти па нема како да се опише Стон, го пишуваат како „апологетот на Путин.“
Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...
Филип Тице од Вехен Визбаден презентираше лудачка способност на изведување сув лист во стилот на Жунињо, меѓутоа не од прекин, туку од игра. Оливер Кан да го ставеa на гол во најбољи дани, џабе.
Џимис Цапас раскажува приказна за своите сонародници која му ја дојавил Оливер Ромевски, кого го нарекува „својот македонски брат“. Ја имавме приказната на сајт (види: Грчки инсепшн), ама колку да ви ја покажеме егзалтираноста на Џимис од тоа како функционира грчкиот код.
На прав правцат ринг, на стадион на отворено, со дечурлаана наоколу, бокс меч меѓу Рамбо Амадеус и Тони Монтано. И не се фолираат него стварно шибање. Рамбо добро почна ама после Тони фино го полнеше пошто очигледно има повеќе искуство од противникот. Тука е и Оливер Мандиќ како секундaнт на Монтано а судија во рингот е Душан Прелевиќ Преле. А мислевме сè имаме видено.
Скроламе по листата и едно-две викаме: да бее, и тој... да бее, и таа... Многу музика отиде во 2023. Џеф Бек, Дејвид Крозби, Том Верлеин, Вејн Шортер, Руичи Сакамото, Хари Белафонте, Тина Тарнер, Аструд Жилберто, Тони Бенет, Шинед О Конор, Сиксто, Роби Робертсон, Шејн.... Да послушаме уште малку некои од нив, пред да ги надвика секојдневниот саундтрак од Десингерица и Теа Таировиќ.
Триесет и осум годишниот холандски судија Дани Макели синоќа на дербито Ливерпул - Атлетико Мадрид одржа лекција како треба да се суди. Во 36' минута додека домаќинот води 2-0, тргнуваат во контра, Бразилецот Филипе прави фаул кој реално е за жолт картон. Судијата го вика еднаш, го вика втор пат, го вика трет пат, а овој се прави наудрен и си мести штуцни. Епа кога си фраер, ќе одиш на туширање, му порача Макели.
Томислав Пиплица имаше солидна голманска кариера. Од Искра Бугојно преку Загреб, Сегеста и Самобор стигна до германски Енерџи Котбус. За овој клуб бранел на 248 натпревари но се памети по автоголот на мечот против Борусија Менхенгладбах во сезоната 2001/2002.