- На 17.10.2021 (недела) во 12 часот пред, или во Кинотека (во зависност од временските услови) ќе се одржи промоција на втората книга поезија на Тихомир Јанчовски од диптихот кој го сочинуваат „Пред некое време“ и „НеСреден век“.
- Промотор: Тања Аждаја. На промоцијата, песни ќе читаат: Оливер Белопета, Добрила Грашеска, Зоран Тортевски, Емилија Пападимитров. Музика: Летечки пекинезери.
- „Средниот век не треба да се сфати само како време од петтиот до петнаесеттиот век, среден век е и средовечната возраст на човекот, откај 35 до 65. А среден век е и обратно од неСреден век, век во кој сѐ е средено и подредено, без неред и хаос. Е сега... кој е мрачен, а кој светол, среден или несреден... јас си знам, а и вие претпоставувате. И не треба да се бира меѓу два мрака, било средновековен или сегашен, изборот е меѓу мракот и светлината, бил и ќе биде“, го објаснува насловот авторот на збирката.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.