Момче од 19 години може само да сонува деби настап во Бундеслига со три гола со кои прави пресврт и го решава мечот, па уште и за голем клуб. На Ерлинг Халанд тоа му се оствари на 18 јануари 2020-та. Малиот не застана.
Мечот Зенит - Борусија Дортмунд донесе убав фудбал, многу голови, поведри теми од оној дуел во Париз меѓу ПСЖ и Истанбул и нов рекорд во Лига на шампиони.
Само што постигна гол во Купот, неколку дена подоцна 17-годишниот Американец Џовани Рејна го прослави и првиот гол во Бундеслига. И тоа на асистенција на најмладиот асистент во историјата на Бундеслигата кој неодамна дојде од Англија и има исто 17 години.
Борусија со неверојатни 11-2 ја победи Австрија Виена во пријателска средба во текот на подготовките, а еден од стрелците на гол беше и 17-годишниот Џуд Белингем кој покажа што знае.
Вие сигурно сте го виделе интервјуто на Ерлинг Халанд после мечот Борусија - Шалке (4:0) кога се возобнови германската Бундеслига. Малиот збори нормално и во еден момент почнува да одговара помалку безобразно отсечно.
Откако видел за каков талент станува збор, гигантот за спортска опрема решил да го „капариса“ малиот Јусуфа Мукоко кој постигнал 106 гола на 67 меча за младинците на Дортмунд.
Го држеа на клупа со месеци и Алкасер не можел веќе да издржи затоа што без играчко време не бил среќен па решил да замине од „Камп Ноу“. Се испостави дека одлуката да потпише со Дортмунд беше неверојатна затоа што Пако руши рекорди во Германија.
Џејдон Санчо е најдобриот асистент за голови во најдобрите 5 европски лиги и најефективниот играч во Бундеслига во моментов. Што е поинтересно, Џејдон од почетокот на сезоната ниту еднаш не заиграл во стартниот состав во Бундеслигата.
Лузната кај горната усна му стои од четири години кога паднал по скали со чаша сок. После неколку години скршил нога, неправилно му зараснала, па морал одново под анестезија. Бурната младост без татко го направила посилен и еден од најдобрите европски напаѓачи.
Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.
Неговиот пат лесно може да се каже дека бил трнлив. По раната смрт на татко му Хамлет кој бил познат фудбалер, Хенри ветил самиот на себе дека ќе го продолжи неговото дело.
Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.
Босанскиот Србин кој беше откриен пред 9 години во парк во Флорида, ќе стане првиот Американец кој играл на финале од Лигата на шампиони. Ова е само фрагмент од неверојатната биографија на Невен Суботиќ.