Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Македонската радио телевизија (МРТ) ја израдува спортската јавност во земјава, откако соопштија дека ќе ги даваат натпреварите на македонските клубови во еврокуповите.
И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.
Еднаш го суспендираа во Вардар со ултиматум да ослабе ако сака пак да брани, па се врати шланг, ама проблемот е што повторно без осет се удри на јадење и следуваше раскин на договорот. Еве го сега во дрес на Партизан. Медвед.
Мак фудбалот кој и онака е тапа со посетеност, сега нема ич публика, тоест забрането е. Викендов се играше градско дерби на два љути ривали, Вардар vs Шкупи или Слога по старо. Црвено црните славеа 1:0, а Комити беа во транс во нивната база на само неколку метри од Градски.
По серија од три трофеи во низа и вкупно пет од девет одржани изданија, ракометарите на Вардар загубија од Веспрем во финалето на СЕХА лигата. Поразот беше висок 35:27, а Иван Чупиќ незадоволен од изданието на своите колеги за што пцуеше и викаше да одат во соблекувална.
Македонската фудбалска репрезентација со победа над Ерменија 2:1 (2:0) го отвори новото издание на Лига на нации и во добар амбиент ќе го чека второто коло против Грузија на гости.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Некогашниот лев бек на македонската фудбалска репрезентација направи одлична кариера.Како член на врвната генерација на Беласица со Пандев, Стојков, Балдовалиев и многу други, играше за АЕК Атина, Црвена Звезда, Херенвен, Динамо Киев, ВБА и на крајот кариерата ја заврши во Вардар.
Македонскиот ракомет дефинитивно ќе има многу интересна сезона. Она што неколку години фалеше на домашна сцена е неколку израмнети тимови по квалитет. Доказ за тоа е и високиот пораз на Вардар од Еурофарм Пелистер кој се остри за титулата заедно со сериозно засилениот Металург.
По половина век работа како спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов дочека да не го пуштат на стадион каде отишол да известува. Немал акредитација за мечот Вардар – Борец. Таа што им ја покажал од АИПС со која има влезено на Ел Класико не важела.
Вардарци се сеќаваат и на Твитер потсетуваат, а ние со задоцнување од еден ден им го гледаме твитот кој не врати на тој историски 6 август 2003-та, кога сите патишта водеа накај Градскиот стадион во Скопје. Каков делириум беше тоа, само тој што беше знае.
Денеска полнат 73 години, но за жал не им е до славење бидејќи дишат на респиратор и на три недели до стартот на новата сезона имаат непозната иднина. Но колку и да е ситуацијата со 11 кратниот првак на Македонија тешка, сепак навивачите веруваат дека македонскиот бренд ќе биде спасен.
Не е ова информација која македонските колективи во било кој спорт имаат навика да ја споделат со јавноста и затоа ја дознаваме од Handball tv. Се знаеше дека Сергеј фино ги плаќа, барем кога ги плаќаше, што значи сумите се од прилика познати од чаршијата.
Драги соборци кладилничари, ова е вест која сигурно ќе ве насмее и ќе ви биде драга. Тимот кој неизбежно сте и сме го гледале додека го листаме билтенот, после 133 години ќе биде дел од елитната англиска втора лига Чемпионшип. Таму ги носи култниот Адебајо Акинфенва.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.
И покрај тоа што нема да биде доделен пехар, сепак ФК Вардар е прогласен за шампион на сезоната 2019/2020 која беше предвремено прекината поради Ковид 19. Нивните најверни навивачи славјето го направија во Градски парк во нивни стил. Црвено црните завршија први со 10 бода предност пред Силекс.
Готово, Михајло Михајловски го стокми тимот за следната сезона. Денеска го доби последното засилување и заедно со осумте староседелци кои ги продолжија договорите, во Јане Сандански се очекува на есен да се појави респектабилен тим за нови предизвици.
Еден тон луѓе се испокараа по Фејсбуци, како така Филип Талески се дрзнал да пее песна за Металург кога само што стана играч на Вардар. Едни го напаѓаат, други го бранат, а ние како што е редот ја објавуваме и втората снимка од истата забава.
На ФБ страната „Фанови на СД Вардар Скопје“, се појави видео на кое Филип Талески на приватна забава ја пее химната на Металург заедно со поранешните клупски колеги од Автокомадна, Кузмановски, Пешевски и Томовски.
Една од главните теми во мак фудбалот овој месец е наводниот интерес за купување на Вардар од страна на поранешен бугарски репрезентативец по име Благој Георгиев. Но, за Бугаринов и немаат баш добро мислење во Бугарија.