Историскиот пласман во Лига Европа во 2017-та за Вардар можеше за влакно да биде втора нивна епизода во фазата по групи на европските натпреварувања.
Првата за малку не стана поголема, затоа што во тоа незаборавно трето коло против Спарта Прага, беа на чекор до Лига на шампиони. Дома загубија 2:3, а на гости одиграа 2:2. Ах колку блиску.
Но поводот за ова потсетување не е Спарта, туку ЦСКА која Вардар успеа да ја елиминира во втората рунда. Се врати од Москва со сензационален резултат од 1:2, кој требаше да го одбрани во Скопје.
Одигра 1:1, сосема доволно за историски пласман во третата фаза и за лудило на преполните трибините кои беа претесни и се седеше дури и по скали. Гостите го отворија резултатот, но по бразилската комбинација Оливеира - Вандеир стигна потребното реми.
Имаше и инциденти
📅 #OnThisDay in 2003@ChampionsLeague qualifying - Second Round 2nd leg
— FK Vardar (@FKVardar) August 6, 2020
Скопје: #ФКВардар- @pfc_cska 1:1#ЕденЖивотЕднаЉубов pic.twitter.com/icBX1iY3qM