На 6-ти март 2012-та ви пишавме "Добро ве најдовмe" и ве запознавме со нашиот устав кој важи и денес. Една година подоцна споделивме какво ни е чувството. Лани пренесовме што беше најчитано а на третиот роденден на нашиот сајт, своите мисли и чувства ги сумира Илина Букбокс.
Еднаш веќе ја анализиравме пазарната ситуација во сферата на интимните контакти (види: Каков секс бара Македонија?). Овојпат работата ни ја завршил читател кој собрал дузина курентни понуди и побарувачки. Сите за Македонија засекирани, тие за курот си гледаат :)
Дури и ужасно стара ВХС снимка не може да ги намали емоциите ако се работи за квалитетна песна. Водителот тврди дека се работи за група која го негува "хард енд хеви звукот" а потоа ќе слушнете како наспроти таа најавена цврстина се крие нежна и ненаспана душа која бара само нежност и среќа.
Жаре еден на еден, на времето се зезаше со коментирањето на Игор Трпески па овој после демек се налути по што моравме да ja предупредиме и поширата јавност на неговиот секс потенцијал (види тука). Овојпат, тема се Панчев и Калински, најзабавниот коментаторски двоец кој досега го имала Македонија. Ајмо Жаре.
Без разлика дали сакате да се одржувате во форма, да се грижите за здравјето или за животната средина, да бидете економични, или пак едноставно уживате во него, дефинитивно возењето велосипед е една од најдобрите работи што било кога ќе ги направите!