Ана Марија до Владо: Сексот ни е очаен – глумам

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Први.

Нова епизода од љубовната врска која заврши со претепување меѓу фитнес инструкторката Ана Марија Жујовиќ и нејзиниот дечко  Владимир Станојевиќ, српски глумец кој ја згрози  јавноста во регионот.

Според српските медиуми, пред физички да ја нападне, Жујовиќ му испратила порака на глумецот дека сака да раскине со него, бидејќи глуми уживање во сексот.

„Најголем проблем е што по 10 месеци не те засакав и што сексот ни е очаен. Во сексот не сум јас. Глумам. Ја немам таа страст и емоции кои постојат од твоја страна“ му напишала Ана Марија на Владо.

ana-marija-zujovic-vladimir-stanojevic-seks-veza-pretucena-batine-foto-pri-1425499042-622403
ana-marija-zujovic-vladimir-stanojevic-seks-veza-pretucena-batine-foto-pri-1425499042-622403

Тој се обидел да ја убеди дека не е така, по што таа побарала  да ја откажат и венчавката.

По само неколку дена, тој ја претепал. По ова и напишал порака„Пукнав..Неможам да се помирам со тоа дека те губам ..неможам да те пуштам, премногу те сакам“.

Ана Марија Жујовиќ побара од институциите да му забранат на Владо да и се доближува а поднесе и пријава за насилство.

5 март 2015 - 11:25