Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.
Кога ќе се соберат одредени статистички податоци за градбата на телото не жените и начинот на кој водат љубов се добива и одреден шаблон по кој може да се определи кој тип на тело што носи во кревет. Тоа не мора да биде точно за сите затоа што на тоа влијаат многу фактори, но ако ве интересира што велат научните истражувања и статистиката за вас или вашата партнерка, ова се одговорите.
Ако имате облини
Се покажало дека жените со облини се поотворени за нови искуства во кревет и за секс за една ноќ. Таквите жени најчесто успеваат да ги привлечат мажите поради обликот на нивните колкови.
Ако сте ниска
Ниските девојки имаат пониска точка на гравитација, а тоа им овозможува во кревет да направат работи кои повисоките девојки не ги можат. Нивната градба на телото им овозможува и да имаат секс на локации кои се невозможни за другите.
Ако сте висока
Мажите ги перципираат долгите нозе како знак на здравје и затоа им се секси и привлечни, но на девојките кои ги имаат им е потешко да ги менуваат позите за време на сексот поради висината, а особено ако се повисоки од партнерот.
Ако сте полничка
Според истражување на еден нобеловец-генетичар, полничките жени повеќе уживаат во сексот од слабите. Тој верува дека жените со зголемена телесна тежина се подобри личности и се повеќе способни да уживаат во водењето љубов.
Ако сте слаба
Истиот генетичар верува и дека слабите наоѓаат помалку уживање во креветот, но една друга студија спроведена од други научници потврдила дека мажите се подобри во кревет со послаби жени.
Ако имате мали гради
Помалите гради се и поосетливи на допир и затоа овие жени добиваат многу повеќе од предиграта. Следствено на тоа, имаат и подобар секс од оние со поголеми гради.
Ако имате големи гради
Иако нивните гради се помалку чувствителни на допир и затоа добиваат помалку стимулација, една студија покажала дека жените со поголеми гради имаат повисок коефициент на интелигенција. Тоа на научниците им дава за право да мислат дека тие подобро знаат што бараат од мажите и сексот.