Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.
Еден маж го извадил пенисот и со него и удрил шамар на сопругата, откако таа одбила да има секс со него.
Фред Томас, 62, од САД сакал да има секс со сопругата, но таа одбила. Потоа се обидел да ја поткупи со 20 долари, но откако и тоа не му успеало, и удрил шамар со својот пенис.
Поради овој инцидент, тој ќе помине пет дена во затвор, а осуден е и на условна казна од една година. Во тој период, Фред не смее да го повтори стореното дело, во спротивно ќе му биде изречена посериозна затворска казна.
Тие биле во брак 39 години, но некое време живееле одвоено, а Фред вели дека пред некое време дознал оти таа сака да избега во Пакистан со љубовникот којшто го запознала преку интернет, што довело до споменатиот инцидент.
Локалните медиуми не наведуваат колку била сериозна нанесената повреда, но сопругата го замолила судијата наместо казна, да го прати нејзиниот маж на лекување за да научи да си го контролира бесот.