Што открива домалиот прст кај мажите: Љубезен или промискуитетен

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Црно бело.

Истражувањата во последно време тврдат дека од дланките на мажот може да прочитате буквално сè. Сега на ред е проучувањето на домалиот прст.

sto-otkriva-domaliot-prst-kaj-mazite-ljubezen-ili-promiskuiteten-01.jpg
sto-otkriva-domaliot-prst-kaj-mazite-ljubezen-ili-promiskuiteten-01.jpg

Во истражувањето учествувале 155 мажи, а во рок од 20 дена се докажало дека мажите со домал прст подолг од показалецот се поподготвени на компромиси, почесто се смеат и сакаат да делат комплименти.

Таа разлика на домалиот прст и показалецот зависи од нивото на тестостерон уште од времето кога тој бил во стомакот на мајката.

Подолгиот домал прст укажува на поголема количина тестостерон.

Промискуитет

Мажите со домал прст подолг од показалецот се поизложени на флерт и секс за разлика од другите.

Рак на простата

Мажите чиј показалец е подолг од домалиот прст, имаат 3 пати помали шанси да заболат од рак на простатата, покажало истражувањето спроведено врз 4.500 мажи.

Атрактивност

Жените за поатрактивни ги сметаат мажите чиј домал прст е подолг од показалецот, покажува едно истражување од 2009та година. Овој тип на мажи се поатрактивни и за кратки врски, но и за подолгорочни љубовни планови.

Богатство

Домалиот прст кој е подолг од показалецот може да доведе до богатство, затоа што овие мажи се склони кон ризици, тешка работа и не прифаќаат „не“ како одговор.

Сексуалност

Мажите со подолг показалец од домалиот прст можат почесто да бидат хомосексуалци, покажале повеќе истражувања. Кај жените пак, ситуацијата е обратна, оние со подолг домал прст најчесто се со хомосексуална ориентација.

Следен пат, не заборавајте да му ги погледнете рацете и да го процените.

24 февруари 2015 - 13:14