Како да направите сексуално кафе? Да, и тоа навистина постои!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.

Кафе кое покрај тоа што ќе ве снабди со потребната кофеинска доза, туку и вашата утринска рутина ќе ја претвори во извор на силна сексуална желба

kako-da-napravite-seksualno-kafe-da-i-toa-navistina-postoi-kafepauza.mk
kako-da-napravite-seksualno-kafe-da-i-toa-navistina-postoi-kafepauza.mk

Ова кафе е базирано на состојки кои спаѓаат во суперхраната, а се користеле уште од античко време за поттикнување на сексуалниот нагон.

Придобивки од состојките:

Мака: Тоа е ацтетски корен, кој обично се користи сомелен во прав. Како адаптоген го поддржува телото во создавање на ензимите кои му се потребни за да ги балансира хормоните и да ја поттикнува плодноста. Често се препорачува како афродизијак кој може да го подигне либидото.

Какао: Суровото какао е стимуланс. Го поттикнува крвотокот и го стимулира телото да ослободува серотонин, кој го подобрува расположението. Според една студија објавена во Списанието за сексуална медицина, жените кои јаделе чоколадо, на дневна база имале повисок т.н. женски сексуален индекс односно оствариле повисоки резултати на табелата за женски сексуални функции.

Цимет: Циметот ја стимулира виталната енергија, штитејќи го телото од одложување на желбата за секс што често настапува после напорен ден.

Мед: Медот може да ја продолжи издржливоста, а докажано е дека ја зголемува енергијата и плодноста.

Кокосово млеко: Многу култури го имаат користено кокосовото млеко за природно да ги балансираат хормоните и да ја зголемат сексуалната желба. Полно со здрави масти, кокосовото млеко ќе ви даде енергија за секс без да ви предизвика изнемоштеност потоа.

Потребни состојки:
  • 150 мл жешко кафе
  • 1 лажица сурово какао
  • 2 лажица кокосово млеко
  • 1 лажица мед
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажичка мака
Начин на подготовка:

Сипете го кафето во среден сад. Додадете ги какаото, кокосовото млеко, медот и циметот. Матете со рачен блендер додека смесата не запени. Потоа додадете ја маката, изматете уште малку и веднаш сервирајте. Уживајте во кафето и секако – и во сексот!

;)
;)

Пијте го ова кафе еднаш или двапати неделно кога ќе сакате да ги почувствувате придобивките од суперхраната која ја поттикнува сексуалната желба.

2 октомври 2014 - 08:35