Хороскопскиот знак открива дали ве изневерил и како?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Црно бело.

Со мала помош на ѕвездите, уште на првиот состанок можете да процените дали е авантурист или мирен тип, дали е одлучен и сигурен во себе или имате работа со срамежлив маж.

horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-1.jpg
horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-1.jpg

Според тоа, многу лесно ќе откриете дали само сака да фантазира за неверство или пак обожава кога стапува во акција.

Изневерување со поглед

Погледите се често оружје на Јарците и Раковите. Не е важно дали е сам или со девојка, тој постојано има чувство дека некој друг го гледа и сака да шета со погледот за да открие некоја на која ќе „фрли око.“ Кога ќе ја лоцира, симпатично се насмевнува.

Иако е зависник од флерт, можеби тоа му треба само за да му го подигне егото. Наместо да го критикувате и напаѓате, прокоментирајте „колку е згодна таа девојка.“ Тоа брзо ќе го врати во реалноста.

Изневерување во мислите

Секси фантазии најчесто имаат Биковите и Вагите. Тие штом видат згодна девојка, веднаш ја замислуваат во кревет. Заведувањето, страсните бакнежи и жешкиот секс се типични машки фантазии, па затоа не се мачете со прашања од типот „зарем не сум доволно добра?“

Фантазиите не се знак на физичко неверство. Тоа што понекогаш сака да ве замени со друга девојка во мислите, не значи дека ве изневерува, ниту дека планира.

Изневерување во сон

Во сон најчесто изневеруваат Вагите и Скорпиите. Иако не сакаат да зборуваат за тоа, по извесно време ќе ја споделат информацијата со своите партнерки.

Но, не грижете се, сите понекогаш имаме жешки сонови, без оглед на тоа дали сме сами или во врска. Сетете се колку пати и вие сте сонувале нешто слично, па не сте го реализирале. Имајте на ум дека она што го сонувате многу ретко се остварува.

Порнографско изневерување

Во порнографијата најмногу уживаат Биковите и Водолиите. И покрај тоа што можеби ве загрижува неговата опседнатост со совршените женски тела и страствени, еротски сцени, тоа не е знак на неверство.

Напротив, размислувајте дека едноставно сака повеќе да ужива во сексуалниот живот кој го делите. Тоа може да биде одличен почеток на нови, незаборавни авантури.

horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-01.jpg
horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-01.jpg

Изневерување заради монотонија во врската

Кон вакво изневерување најсклони се Овните, Стрелците и Раковите. Ако вашиот однос се оладил, бакнежите станале рутина, а речиси не знаете што значи страст, не се чудете ако преземат ваков чекор.

Далечината и емоционалната недостапност најмногу влијае на овие 3 знаци која нешто подоцна завршува со изневерување без срам и страв.

Изневерување со зборови

Најлесни на зборови се Лавовите и Рибите. Кога некој би ги слушнал од страна, ќе помисли дека се случува тајна авантура. Тие обожаваат да зборуваат како на мажите се им е дозволено, но ова е најчест пример за тоа дека кучето кое лае - не каса.

Мажите Лавови и Риби обожаваат да се во центарот на вниманието, па често пати тоа ќе го постигне со вербално неверство. Сепак, имајте на ум дека со ваквиот тип на изневерување ви оддава големо непочитување.

Реално изневерување

Во реалноста, најчесто во акција стапуваат Девиците и Близнаците. Тие често пати од инат знаат да пронајдат несогласување и кавги. Веројатно, подоцна ќе се потпре на овие несогласувања како оправдување за неверството.

Овие мажи се несигурни, па авантурите им служат за да го зајакнат сопственото его.

4 август 2014 - 08:31