Не важи веќе непишаното правило кога губи Реал губи и Барселона. Мадриѓаните изгубија 1-0 од Мајорка на гости, а Барселона искористи кикс на Реал, со 3-0 ја прегази Севиља и се одлепи на +8 поени на табелата. Во еден момент од мечот на „Камп Ноу“ гостинскиот тренер Хорхе Сампаоли му дал лист со инструкции на Жоан Жордан кој цели две минути трчал со листот во рака.
Меѓу навивачите на Милан и Интер неколку години веќе владее неформален договор за ненапаѓање, речиси никогаш меѓу нив нема физички пресметки што не е случај со другите навивачки групи во Италија. Но на трибини кога се игра дербито има раскошен репертоар на песни, пароли, зафрканции.
Ви текнува дека до скоро сите се фатија за минимализам, па по земја седеа по дома, по една дрвена лажица имаа во кујна, а во плакар две маици и еден пар тренерки? Е па, тоа на извесна Сара Кампос ништо не ѝ значи.
Енцо Фернандез, еден од протагонистите на светскиот првак Аргентина на Мундијалот во Катар, во јули 2022-ра направи трансфер од Ривер Плејт во Бенфика за 14 милиони евра. Осум месеци подоцна португалскиот тим од 22 годишниот играч од среден ред, извади рекордни 120 милиони евра за Премиер лигата кои ги исплати Челси. 30 милиони евра од таа сума оди во Ривер.
Адам Даниел од сајтот „Конверзејшн“, во текот на пандемијата решил да направи експеримент: да го гледа „Денот на мрмотот“ секој ден, во тек на 365 дена. Таквото повторливо втопување во едно исто дело му отворило нови хоризонти.
Галатасарај и натаму го чува првото место во турската Суперлига откако синоќа со 3:2 едвај го совладаа Умраније. Галата има 7 бода повеќе но и натпревар повеќе од Фенербахче. На вчерашниот дуел Лукас Тореира покажа зошто едно време играше во Атлетико Мадрид и во силниот Арсенал кој за него даде повеќе од 30 милиони евра.
Ако Челси под Роман Абрамович беше синоним за луксуз, за скапоценост, за јахти и трошење милиони за најскапи играчи, за ова сега што се случува под новиот газда, Американецот Тод Боели нема соодветни зборови.
Прво ти е убаво на душата дека некој е толку посветен на мода + практичност што успева да направи одлично парче што потоа се преправа во две одлични парчиња. Второ, мажи, обрнете внимание. Не се само маици и бермуди на светов. А не се ни само мокасини со тесни фармерчиња до колена за дотерување.
Јуришот да се порази Владимир Путин добива сопствен опасен и безглав залет, исто како што беше во Ирак, пишува писателот и политиколог Панкаџ Мишра во колумна за Блумберг.
Триесет и шест годишниот Халк (или Хулк како милувате), уште игра во топ форма за бразилскиот Атлетико Минеиро. Во рамки од 2. коло од бразилското првенство Минеиро, Атлетико Минеиро на гости со 1-2 го совлада Томбенсе. Халк имаше асистенција и гол. Интересно, се измерил и сликал на вага која покажала 97.7 килограми пред натпреварот и 91.9 килограми после мечот.
Откако ја искористи меч топката во финалето со Стефанос Циципас за победа, камерите го дадоа Ѓоковиќ како покажува со прст на глава па на срце, но не и на третиот, по многумина многу битен детал за еден спортист.
Фудбалскиот клуб Ремс од Франција веќе 13 меча не знае за пораз и тоа е една од најдолгите непобедливи серии во Топ5 лигите во Европа сезонава. Клуч за успехот е младиот и анонимен тренер кој се учел преку неверојатната видео игра Football Manager.
Како и сите деца и Цанко Курбла имаше големи планови. Еден од нив беше на раат да си ја изеде својата кришка леб со маст и црвен пипер. Но тој ден дури тројца копиљаци му се обратија со традиционалната маалска реплика “дај еден гриз!”
Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.
Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.
Дваесет и седум годишниот репрезентативец на Турција, роден во Охрид веќе неколку сезони е дел од НБА и има важна улога во Кливленд Кавалирс. Осман синоќа одигра неверојатен меч и во триумфот над ЛА Клиперс 122:99 постигнал 29 поени со шут за три седум од седум за 21 минута на паректот. Најдобар негов тројкашки меч откако е во НБА.
За мир во куќа, дома го гледаше и полуфинале и финалето, тоест во хотелската соба, ама па ај седи во место да те видам, кога син ти ќе освои 22-ри Гренд слем.
Додека ние со децении не успеваме да ги решиме стратешките проблеми на Скопје, на пример тоа што имаме премалку канти за отпад а премногу улични кучиња, Холанѓаните изградија подводна гаража со 7.000 паркинг места. Ниедно за автомобил.
Чуден е понекогаш спортот. Особено ако знае дека Данска стана првата репрезентација во историјата на ракометот која врза три мундијалски титули. А неодамна загуби од Македонија, на дебито на Кире како играч/селектор. Пет гола на Талески.